Се чистат диви депонии
Екипите на ЈП "Комунална хигиена" неделава ќе ги расчистат дивите депонии во општина Бутел, на улицата "Бутелска", кај ракометното игралиште и кај расадникот. Диви депонии ќе се расчистуваат и во општина Чаир, на улиците "Вуковарска", "Ресенска" и "Павле Илич". Градските власти информираат дека во тек е расчистување на дивата депонија кај ОУ "Кочо Рацин". Акција за подигнување на нелегално создадените депонии низ општините, комуналците спроведоа и минатиот викенд. Притоа се расчистуваше расфрланиот смет на улицата "Ѓуро Ѓоновиќ", од каде што е собрано повеќе од 100 кубни метри ѓубре, а 50 кубици смет биле отстранети од последната станица на автобуската линија број "57". |