Реконструкција на детските игралишта
Општина Кисела Вода од наредниот месец почнува со акција за реконструкција и обнова на урбаната опрема и детските реквизити во парковите, спортските и детските игралишта. Притоа, старите и нефункционални лизгалки, лулашки, клупи и други спортски реквизити и урбаната опрема ќе бидат заменети со нови.
Од Општината апелираат до граѓаните да дадат максимални напори за зачувување на постојните функционални реквизити и урбаната опрема низ парковите и игралиштата. (МИА)
|