Бехатон-плочки пред Школка
Екипи на Јавното претпријатие "Улици и патишта" почнаа да редат бехатон-плочки на платото пред Школка во Градскиот парк. Како што соопшти Одделението за односи со јавноста на Град Скопје, ќе бидат покриени 200 квадратни метри со бехатон во црвена и во сива боја.
Поставени се и рабници на платото со должина од 120 метри и тампон. Школката и платото пред неа често се користат за организација на културни настани, мали концерти и манифестации. Од Градот потенцираат дека со поставувањето на бехатонот, овој простор ќе добие урбан лик. (С.Р.)
|