Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Бобан: Нередите во 1990 беа оправдани, ова беше чиста омраза

Учесникот во пеколните инциденти на мечот Динамо - Звезда смета дека одредена група Срби имаат рани од војната и дејствуваат според таа психологија

И неколку дена по грозните сцени во Џенова кои ги изрежираа српските хулигани, нанесувајќи и' уште еден голем срам на Србија, не престануваат дебатите околу тоа што е вистинскиот повод за таква избезумена бруталност. Додека претседателот на Србија, Борис Тадиќ, по телефон му се извинуваше на премиерот на Италија, Силвио Берлускони, (двајцата се согласиле дека инцидентот нема да ги расипе добрите односи меѓ�� двете држави) „Скај спорт“ го заврте бројот на Звонимир Бобан, учесникот во нередите во 1990 година на „Максимир“ на мечот Динамо - Црвена звезда (кои практично беа почеток на распаѓањето на Југославија), со цел да разбере нешто повеќе за заднината на случајот, кој претседателот на Федерацијата на Србија, Караџиќ, го нарече напад врз државата, а не врз спортот.

„Фудбалот нуди единствена атмосфера, сите се како едно. Полицијата и институциите не успеваат да го одвојат од вакви нереди. Фудбалот често служи за истакнување на разни проблеми, така е и во Хрватска. На сите нам кој го сакаме овој спорт ни е жал што во Џенова не гледавме борба на теренот“, вели Бобан и додава: „Не сакам да генерализирам. Не треба да се генерализираат ниту Србите ниту Балканците, слични ситуации има секаде. Ова беше повеќе од сериозно затоа што се случи во друга земја, на туѓ стадион. Поголемиот дел од Србите се нормални, но одредена група е опасна и агресивна, бидејќи има рани од војната и делува под таа психологија“, смета некогашниот капитен на хрватската репрезентација, кој не можеше да го избегне прашањето за мечот Динамо - Црвена звезда. „Меѓу фудбалот и политиката секогаш постоела и ќе постои одредена врска. Но треба да се следи позадината. Тоа беше протест, бунт против неправдата, бунт против режимот. Хрватска сакаше да излезе од комунизмот и тоа може да се оправда. Во оваа ситуација никој не знае од каде доаѓа толкавата омраза“, потенцира Бобан.

Бившиот тренер на Црвена звезда, Валтер Зенга, како и Бобан жали поради грозните сцени и вели: „Само оној кој не живеел во Белград може да не разбере што се случи во Џенова. Би сакал да зборувам за фудбалот, но ова е нашата реалност. Има многу мотиви зошто ова се случи, па дури и политички. Само српскиот народ може тоа да го разбере. Победија деликвентите кои го добија бараното внимание, се најдоа на насловните страници на весниците, а изгуби граѓанската Србија. Можевте да видите дека на трибините имаше и многу вистински фанови. Не треба да ја криминализирате целата држава. Народот и играчите се срамат од овие нереди“.

Играчите за кои зборува Зенга се се' уште во шок. Не им се верува што им се случи. Покрај голманот Стојковиќ кој беше сурово нападнат поради неговиот „грев“ што како дете на Црвена звезда сега настапува за Партизан, најисплашен бил Данко Лазовиќ: „Седиш во запален автобус и се задушуваш од дим, а не смееш да ја отвориш вратата и да излезеш, бидејќи надвор те чека група подготвена за линч. Што друго би помислил ако не дека е дојден моментот да умреш. Кој знае ако не беа Станковиќ и Жигиќ што ќе ни се случеше. Ги спречија хулиганите да влезат, секоја чест. Подоцна цел стадион ни пееше ’Бевте и останавте Цигани!‘. Не мислам лошо за тој народ. Италијанците со тоа ни покажаа што ќе се зборува за нас во Европа по ова во Џенова“, изјави Лазовиќ.

Инцидентот нормално беше осуден од челниците на највисоките институции ФИФА и УЕФА - Сеп Балтер и Мишел Платини. Вториот најави ригорозни казни, а првиот за време на еднодневната посета на Лондон и средбата со премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, изрази задоволство од начинот на кој Англичаните се избориле со насилство во фудбалот. Англија со Русија е еден од најсериозните кандидати за добивање на организацијата на СП 2018 година (во трката се и САД, а со заеднички кандидатури излегоа Белгија и Холандија и Португалија и Шпанија), па Блатер заедно беше во Лондон: „Англија се трансформираше од мрачна хулиганска земја во една од најсигурните. Тоа е примерот кој треба многумина да го следат. Ако Италијанците на тој начин се однесуваа со тој проблем, тоа што се случи во Џенова немаше да им се случи. Во осумдесеттите години Англија тргна во тешка борба. Ги изградија и ги средија стадионите, ги тргнаа мрежите и оградите, а хулигани нема на стадионите. Тоа е голем комплимент за англиската влада и вашата земја“, му кажа Блатер на британскиот премиер.


#
Статијата е прочитана 1527 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
МЗТ како модел на клупско функционирање
Лоша ждрепка за Светска лига во ватерполо
Стопирана продажбата на Ливерпул
Вардар со амбиција да создава млади таленти
Алварез го истетовира дресот на Ескобар
Петигру се самоубил со предозирање
Тргнува првата Бизнис-лига






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy