Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

МЗТ како модел на клупско функционирање

„Невозможно е еден човек да води клуб. Добар пул на спонзори може да донесе успех“, вели Орце Камчев

Наум Котевски

Моделот на функционирање што завчера го извади на светлината на денот кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје може да биде начин на кој ќе се темели функционирањето на останатите наши тимови во било кој друг спорт. Имено, „металците“ поттурнати од градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, успеаја да искокетираат и со својот шарм да го привлечат интересот на неколку спонзори. Што би рекол Коневски „тука се собраа сите“: Општина Аеродром, „Оне“, „Тинекс МТ“, „Орка спорт“, „Ка-дис“, „Алкалоид“, „Колдинг“, „Ли Нинг“, „Кроација осигурување“, „Стоун бриџ“, „Систина“, „Шмеки“.

Целта, па и ефектот е јасен. Повеќе компании да стават по малку пари во клупската касичка. Така нивниот ризик на страшно лизгавиот спортски терен е далеку помал, па дури и ако паднат веднаш ќе станат како ништо да не било. Пример за тоа е буџетот за првата година, кој изнесува некаде околу 150.000 евра. Кога тие ќе ги поделите (пропорционално или не - тоа го знаат фирмите што партиципираат) ќе добиете смешна сума пари за така реномирани компании.

Од друга страна, тие пари повеќе значат за клубот, секако, ако точно се знае кој и зошто ја отвора и затвора касичката. Во спротивно, целата работа ќе заврши како со Вардар пред неколку години, кога неколку познати фирми решија да дадат пари, а на крајот се чудеа како автомеханичар во НАСА, каде што им одлета хартијата, или поточно кој беше до толку изгладнет за да ги изџвака како „Милка“.

Нејсе, еден од спонзорите во МЗТ, Орце Камчев, е убеден дека токму овој моделот со пул спонзори е најадекватниот за условите во државава: „Долги години сум во спортот, па и во кошарката, и може слободно да кажам дека овој проект е практично идеален во моментов. Невозможно е еден човек да води клуб. Тоа се покажа како неперспективно. Имаше одредени исклучоци кои донесоа европски титули, но и распаѓање на тие тимови. Што значи дека на тој начин нема континуитет“, вели Камчев и додава: „Со еден добар тим на спонзори, кои немаат лични интереси, што е најболна тема во спортот, верувам дека проектот ќе живее и тоа на долгорочна основа“.

Како што стојат моментално работите во државава, без донесен закон за приватизација на тимовите, што автоматски значи харикири инвестирање во очајниот спорт, размислувањето на Камчев држи, затоа што веројатно е единствено реално - противтежа не постои. Со здружени сили да се најде баланс меѓу јавниот интерес, популаризација на клубот и приватниот интерес, а притоа да се знаат правата и обрските на вложувачите.

Нешто слично се обидува да направи и Работнички, вистина во блага и не толку убедлива варијанта. Група ентузијасти, како што се нарекоа самите тие, решија да му помогнат на Работнички. Во тимот кој финансиски ќе го потпомогнат „Кубус“ и „Тинекс“ и уште неколку други компании се наоѓаат Мираковски, Ристе Стефанов, Гоцевски, Димитровски, Симиќ, имиња кои ветуваат успех. Но, ако сите останат на број подолго време. Сомнеж во сериозната тимска кохезија предизвика изјавата на претседателот Златко Тодоровски.

„Колку и да звучи чудно играчите се нашите спонзори. На дресовите затоа ќе стојат нивните имиња“, кажа Тодоровски, кој потоа направи недозволив микс меѓу бизнисот и човечноста. „Видете, ако некој од овие играчи има шанса финансиски да се офајди во некој друг клуб, колку и да е цврст договорот треба да му се овозможи такво нешто. Не би било фер да се спречува“, (не)свесно најави климава сезона Тодоровски.

Како и да е, Работнички, МЗТ Скопје (во кој е влезен и Петар Наумовски) и Фени ги помрднаа работите во кошарката. А, уште побитно е што се свесни дека може да се извлечеме од жабурникот само ако ги брцнеме нозете во Јадранот. Таа лига е шансата за македонската кошарка и шанса за процут на овдешната публика која е веќе презаситена од маалските удирања во гради со драгоцените мак-титули.

Тоа уште пред неколку години го кажа и селекторот Марин Докузовски, кога се врати од Бугарија во Работнички. Но, оттогаш па до денес се давиме во монотонија. А, за тоа е виновен токму неговиот Работнички, кој одби да игра во Јадранската лига!


#
Статијата е прочитана 590 пати.

Испрати коментар

Од: prof.po kosarka
Датум: 15.10.2010 12:14:39
So budzeto od 150 000 iljadi evra mozi samo da se prezivee feni momentalno e igracki za klasa pokvaliteten od MZA (kavadarcani imaat slab trener za tie igraci) za nastap vo NLB liga MZT mora da ima minimum 1 000 000 evra budzet i minimum 6-7 novi mnogu pokvalitetni igraci vo sekoj slucaj ova e samo eden dobar son ...podobro e da se sonuva koga ne moze realno da se dozivee
Од: lubitel
Датум: 15.10.2010 13:32:17
buzetot na mzt e 300 000 evra ova sezona za narednat najavija dvojno poveke tak da buzetot ke bide 900 000 evra i so uste 3 stranci dobri igrac i dvajca makedonski dobri igraci moze da se igra jadranska liga i so ovi igraci nekoj sega sto gi ima
Од: Siljan strkot
Датум: 15.10.2010 14:03:06
Orka-sport, Li Ning, Sistina, toa se tri coveka ili eden?

Најди! во Утрински
Спорт
Бобан
Лоша ждрепка за Светска лига во ватерполо
Стопирана продажбата на Ливерпул
Вардар со амбиција да создава млади таленти
Алварез го истетовира дресот на Ескобар
Петигру се самоубил со предозирање
Тргнува првата Бизнис-лига






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy