Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Лоша ждрепка за Светска лига во ватерполо

Македонија во група со Шпанија, Германија и Србија, на која и' гостува на стартот на 16 ноември

Роберт Димитриевски

Србија, Шпанија и Германија ќе и' бидат противници во првата група на ватерполо репрезентацијата на Македонија во нејзиното второ учество во Светската лига. Србите се бранители на трофејот од финалниот турнир на кој беа домаќини во јуни годинава во Ниш, потоа актуелни светски прваци од Рим 2009 и освојувачи на бронзениот медал од Европското првенство што се одржа на крајот од август и во почетокот на септември во Загреб. Шпанците се светски виц��шампиони и осмопласирани на еврошампионатот во Хрватска, на кој Германците беа шести.

Најдобрите македонски ватерполисти ќе стартуваат на 16 ноември против Србија на гости, на 7 декември во Скопје доаѓа Шпанија, а на 25 јануари 2011 е првиот дуел со Германија. Вториот круг ќе почне на 22 февруари со возвратниот натпревар со северниот сосед, еден месец подоцна е реваншот со „црвената фурија“ и во последното коло на 19 април е втората пресметка со „панцерите“.

Од трите противника Македонија најчесто има играно со Германија, од која несреќно загуби на ЕП во Загреб со 7:6 откако Даниел Бениќ во последните секунди од два метра непречен од никого го погоди германскиот голман Александар Чигир. Во првиот круг олимписки квалификации во Братислава 2007 изгубивме со 13:8, исто како и во вториот круг во Орадеа 2008, кога беше 9:4 за Германците, кои славеа со 7:5 и на ЕП 2008 во Малага.

Од Србите на ЕП во Загреб изгубивме со 19:9, а во Малага беше 23:6. Со Шпанците, пак, се сретнавме во мечот за седмото место во Малага, каде што домаќинот славеше со 15:5. Шпанија ќе и' биде ривал на Македонија и во квалификациската група за следното ЕП 2012 во Холандија, и тоа на 20 ноември во Скопје и на 18 јуни 2011 на нејзин терен.

Втората група од десеттото издание на Светската лига ја сочинуваат Црна Гора, поранешен европски првак од Малага и втора во Светската лига по поразот од 14:12 во финалето со домаќинот Србија, потоа Романија, Русија и Турција. Во третата група се најдоа новиот европски шампион Хрватска, вицепрвакот Италија, како и Грција и Холандија. Само победниците на трите групи од европската зона ќе изборат учество на турнирот на најдобрите осум селекции што поради Светското првенство од 16 до 31 јули 2011 година во Шангај е поместен за средината на јуни, а најсериозен кандидат за домаќин е Сан Франциско.

Во своето деби во Светската лига минатата сезона Македонија заврши последна во групата со Хрватска, со Грција и со Русија. Го победи само јужниот сосед со 7:6 во Скопје, а во преостанатите пет средби беше поразена.


#
Статијата е прочитана 312 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
МЗТ како модел на клупско функционирање
Бобан
Стопирана продажбата на Ливерпул
Вардар со амбиција да создава млади таленти
Алварез го истетовира дресот на Ескобар
Петигру се самоубил со предозирање
Тргнува првата Бизнис-лига






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy