Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Петигру се самоубил со предозирање

Првакот на 400 м од СП 1991, кој подоцна призна дека се допингувал, зел средство за заспивање

Некогашниот светски шампион на 400 м, Антонио Петигру, почина во август од преголема доза антихистамин, стои во извештајот на државната аутопсија. Смртта е оквалификувана како самоубиство со „дифенхидраминско труење“.

„Смртоносно количество дифенхидрамин е утврдено во средишните и во периферните крвни примероци“, тврди аутопсијата.

Петигру (42) беше помошник тренер за атлетика на универзитетот „Северна Каролина“ и учесник на Олимписките игри 2000, кому му беше одземен златниот медал во штафетата 4 х 400 м откако призна дека се допингувал. Тој беше и светски првак на 400 м од 1991 година.

Петигру беше најден во неконтактибилна состојба од пријателите на задното седиште од неговото возило во руралниот централен дел на Северна Каролина на 10 август. Празно шишенце со средство за заспивање беше најдено во автомобилот, стои во извештајот од истрагата. Антихистаминот дифенхидрамин често се користи како помош за заспивање и за лекувањето алергии. Покрај во освојувањето на олимпиското злато, Петигру им помогна на САД да стигнат и до три светски титули во штафетите 4 х 400 м. Тој ги врати златото од ОИ и два од мундијалските златни медали во штафетните трки откако призна дека користел стимулативни супстанции.

„Тој и' рекол на сопругата да се моли“, пишува во извештајот од истрагата во врска со телефонскиот повик од Петигру еден ден пред да биде најдено неговото тело.


#
Статијата е прочитана 582 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
МЗТ како модел на клупско функционирање
Бобан
Лоша ждрепка за Светска лига во ватерполо
Стопирана продажбата на Ливерпул
Вардар со амбиција да создава млади таленти
Алварез го истетовира дресот на Ескобар
Тргнува првата Бизнис-лига






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy