Момчиња претепани во училиштен двор
Велес - Двајца ученици од велешкото средно училиште „Димитрија Чуповски“ завршиле во болница откако биле нападнати и крвнички претепани од група момичиња. Инцидентот, според полицијата, се случил завчеравечер во Велес во моментот кога момчињата на возраст од 16 и од 18 години излегувале од училиштето. Ненадејно биле нападнати од непозната група, која сиот бес го истурила врз нив. Ги удирале со клоци и со тупаници по главата и по целото тело, нанесувајќи им повреди. По масовната тепачка, напаѓачите побегнале, а повредените момчиња биле пренесени во Градската болница во Велес.
Според МВР, жртви на нападот се момчиња од селото Бузалково, кои учеле во средното училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес. Нападот се случил по часовите во дворот на училиштето. Според исказите на учениците, тие биле нападнати од група од пет до шест лица, кои почнале да ги удираат со клоци и со боксови по главата и по телото.
Според велешката полиција, се преземаат мерки за расветлување на случајот. „Моментално можеме да потврдиме дека неколку од лицата што учествувале во тепачката се идентификувани и со нив е разговарано“, велат од полицијата во Велес. Се утврдува и дали некои од другите ученици што биле присутни во училишниот двор учествувале во тепачката.
Од полицијата најавуваат дека против напаѓачите ќе биде поднесена кривична пријава за насилство, а се работи и на утврдување на мотивите за нападот. Во полиција не можеа да ги потврдат шпекулациите дека момчињата биле нападнати и крвнички претепани по
грешка. (Х.Р.) |