Избега осуденик од штипскиот затвор
ШТИП - Од затворот „Штип“ вчераутро во 4 часот избегал осуденикот Роберт Пешев од Струмица. Тој во периодот кога готвачите и пекарите го подготвувале појадокот, искористил да се прикрие и да прескокне преку прозорецот, а потоа и преку оградата. Пешев издржувал казна затвор од една година и шест месеци за извршено кривично дело тешки кражби. Се претпоставува дека Пешев избегал од затворот поради тоа што завчера добил нова пресуда за извршено кривично дело тешка кражба.
Според директорот на штипскиот затвор, Трајче Димков, осуденикот бил сместен во полуотвореното одделение и бил еден од најпримерните. (МИА) |