Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter
Хроника

Фатен манијак во Прилеп

Прилепската полиција откри дваесет и едногодишно момче што претставувало страв и трепет за девојчињата во градот. Прилепчанецот со велосипед ги пречекувал девојчињата на најразлични локации во градот и почнувал манијачки да се однесува пред нив.

„Тој ги пресретнувал малолетните девојчиња, излегувал пред нив или сосила ги тргал настрана. Потоа почнувал да ги допира и да се соблекува пред нив, покажувајќи им го половиот орган и самозадоволувајќи се пред децата“, велат од МВР.

Прилепската полиција поднесе кривична пријава 21-годишниот прилепчанец поради основано сомнение дека задоволувал полови страсти пред други.

„Тој во почетокот на октомври во повеќ�� наврати и на различни локации во Прилеп (најчесто на улиците „Војводинска“, „Крагуевачка“, „Орде Тодороски-Шемко“, „Браќа Ламески“, како и во населбата Рид), откако претходно со велосипед ќе се упател таму, ги пресретнувал девојчињата и се соблекувал пред нив“, велат од МВР. Некои од малолетните девојчиња сами се бранеле, додека некои од нив викале и барале помош, по што трчајќи бегале за да се спасат од него. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 1731 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Ме тепа, ме малтретира. .. ама мое чедо е
Го врзале со јаже и го ограбиле
Момчиња претепани во училиштен двор
Избега осуденик од штипскиот затвор
„Телекабел“ незаконски ги прикажувал Бум и Пинк плус
Низ пазарите кружат фалс-илјадарки






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU