Низ пазарите кружат фалс-илјадарки
ТЕТОВО - На зелените пазари во двата полошки града Тетово и Гостивар, како и на пазарите за добиток, на шалтерските служби на институциите и на банките, деновиве биле пронајдени неколку фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, информира СВР - Тетово. Кој ги фалсификувал - засега не се знае.
Полицијата ги предупредува граѓаните и шалтерските работници да обрнат поголемо внимание. Засега е познато дека фалсификувани банкноти од по 1.000 денари биле пронајдени во две продавници од Тетово и една од Гостивар.
Инаку, на ова подрачје порано немало случај да бидат пронајдени лажни банкноти со ваква вредност. (Г.Е.)
|