Го врзале со јаже и го ограбиле
Педесет и петгодишен жител на скопското село Црешево бил врзан и малтретиран од двајца разбојници, кои ги начекал како крадат во неговиот дом. Според полицијата, арамиите завчеравечер околу 20,30 часот влегле во домот на Н.З. и почнале да ги пребаруваат собите, барајќи богат плен. Но, тие биле фатен на дело од страна на газдата на куќата, кој само што се вратил од шталата каде што работел.
Разбојниците го врзале сопственикот на куќата, му залепиле селотејп на устата и почнале да го удираат со рачката на пиштолот, со кој му се заканувале да каже дека ги крие парите. Домаќинот стравувајќи за сопствениот живот, им ја посочил стаклената тегла каде што имал оставено 500 евра и 17.000 денари. Откако ги зеле парите, двајцата крадци побегнале. Полицијата трага по разбојниците. (Х.Р.) |