Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

Вечер на Густав Малер со Македонската филхармонија

Македонската филхармонија во рамките на интернационалниот оперски фестивал „Мајски оперски вечери“, вечерва ќе одржи концерт. Со концертот, што ќе се одржи во Салонот на Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот, под диригентската палка на Пол Вајголд од Австрија ќе бидат одбележани 150 години од раѓањето на еден од најголемите мајстори на симфониската музика - композиторот Густав Малер.

Во чест на овој јубилеј, на концертот насловен „Вечер на Густав Малер“ ќе бидат изведени делови од неговите симфонии број 1 и број 5, а прв пат во Македонија интегрално ќе биде изведен вокалниот циклус за длабок глас и оркестар „Песни на патникот“, во кој како солист ќе настапи мецо-сопранот Ирена Кавкалевска. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 365 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Двојно кодирање“ изложба на Ели Аиноска
Професорите од ФЛУ прв пат изложуваат заедно
Нови книги
„Спиноза“ на сцената на Драмски театар
Ивана Настеска добитник на наградата за графика на ДЛУМ