Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

Професорите од ФЛУ прв пат изложуваат заедно

По повод 30-годишниот јубилеј, на Факултетот за ликовна уметност е отворена изложба во МСУ

Катерина Богоева

Нашата генерација, тука мислам на Мазев, Кондовски, Аврамовски и др. имаше виталност и енергија да излезе од оваа средина во 50-тите, 60-тите години на 20 век, да студира надвор од Македонија и враќајќи се да ја установи современата уметничка сцена во неа. Знаејќи дека без ликовна академија во овој простор е скоро невозможно уметноста да егзистира и да се збогатува, ние работевме на организирање на Факултетот за ликовна уметност. Успеавме да ги совладаме сите, доста негативни отпори дека на младите не им треба академија, дека може да се школуваат во другите југословенски центри. Во таа образовна институција отпочна создавањето на бројни генерации уметници во Македонија. Ја направивме нејзината програма, користејќи ги програмите од другите вакви, светски институции. Почетокот беше тежок, но добивме убав простор во Сули-ан. Можам да ги пофалам и сите студенти со кои почнавме. Сега ги имаме како значајни творци во Македонија“, изјави по повод 30-годишниот јубилеј на Факултетот за ликовна уметност, академик, скулптор и негов прв декан, Петар Хаџи Бошков, кој завчера вечер, заедно со дел од основоположниците на факултетот и помладите колеги, присуствуваше на отворањето на првата изложба на професорите.



На неа до средината на август ќе бидат изложени делата на најголем дел од професорите на ФЛУ, значајни автори и педагози, чие творештво ја чини современата македонска ликовна уметност. Изложбата и јубилејот привлекоа внимание не само кај некогашните и сегашни студенти, туку и кај ликовната скопска публика која доби можност( некој и за прв пат), да се сретне со дел од творештвото на постарите уметници.

Деканот Димитар Малиданов со особена чест потенцираше дека од 1980 година до денес, на Факултетот дипломирале 904 студенти, а 86 од нив ги одбраниле и своите магистерски трудови. „Студентите на ФЛУ секаде каде што настапувале за време на своите студии на изложби со колеги од соседните земји и од други земји во светот, секогаш нашата институција ја презентирале на достоинствено и високо ниво. Лично сум им благодарен, како декан, за тоа, како што сум благодарен и на сите наставници што ги воделе во овие три изминати, може слободно да речам, златни децении на ФЛУ. А благодарен сум им и на оние студенти и наставници што ќе ја продолжат стамената патека на ФЛУ и во иднина. Нека нивните дела сведочат за континуитетот на ликовната уметност на Македонија“.


Изложбата ја отвори Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска, а со свои дела на изложбата единствено не учествуваа професорите Ана Темкова и Костадин Танчев - Динка.

На сликарката Тања Таневска, некогашна студентка на ФЛУ изложбата и се допадна бидејќи како што рече, „изгледа многу европски, модерно“. „Ми се допаѓа што секој од професорите си има свој стил, никој не потпаднал под туѓо влијание, си останале автори сами за себе“.

„Огромна чест и задоволство ми е што сум дел од овој јубилеј и се надевам дека ентузијазмот и желбата што ги чувствувам за да одат работите на подобро, ќе успеам да ги задржам и понатаму, како и професорите кои успеале да го основаат факултетот. Се надевам дека ние помладите професори успешно ќе продолжиме понатаму“- изјави продеканот Славица Јанешлиева, која посочи и дека на поставката се забележува сличен сензибилитет на делата. „Делата се создавани во различно време, а тие со слични сензибилитети се поставени во исти простори. Можеби времето поминува и начините на кои се изразуваме се поинакви, меѓутоа сензибилитетот се проткајува. Мислам дека влијанието од нашите доајени, од основоположниците на македонското современо ликовно творештво ни е некаде во потсвеста, а секогаш сите апсорбирани знаења излегуваат на површина“.

Првиот продекан на ФЛУ, сликарот Душан Перчинков запрашан за своето чувство што изложува заедно со своите некогашни студенти, пак изјави: „Па тие веќе не се студенти, станале професионалци и дури некој од нив не замениле на факултет, а тоа значи големо творечко искуство. Тоа е основен момент за искуството да се преточи во педагошки и методски акции во воспитувањето на најновите генерации што ќе дојдат“.


#
Статијата е прочитана 506 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Двојно кодирање“ изложба на Ели Аиноска
Нови книги
„Спиноза“ на сцената на Драмски театар
Вечер на Густав Малер со Македонската филхармонија
Ивана Настеска добитник на наградата за графика на ДЛУМ