„Двојно кодирање“ изложба на Ели Аиноска
Во Националната галерија, објект Чифте-амам, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Двојно кодирање“ на младата ликовна уметница Ели Аиноска, која е најавена како сложен спој на повеќе уметнички медиуми, интересно современо и урбано естетско доживување на графиката, фотографијата, скулптурата, архитектурата, дизајнот... Ќе бидат претставени 17 дела, од кои 13 објекти поставени во простор и четири ѕидни.
Принципот на двојното кодирање е основа на концептот на изложбата, а самиот термин кој во историјата на уметноста е присутен од антиката, претставува најчеста „состојка“ на денешната уметност. (К.Б.) |