Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

Нови книги

„Ќерката на мојата најдобра пријателка“ Од Дороти Кумсон, „Култура“, 415 страници

Камрин Матика живее без обврски – една роденденска честитка тоа засекогаш ќе го промени. Камрин Матика и Адела Бренон се најдобри пријателки, кои мислеле дека ништо нема да може да ги раздвои – се' додека Адела не сторила нешто незамисливо и спиела со вереникот на Камрин, Нејт. Кога Камрин ја открива вистината за нивното предавство, одлучува никој од нив веќе никогаш да не го види. Така почнува тешкото патување што Камрин ќе ја води кон простувања, љубов, одговорности и, на крај, подобро разбирање на себеси.



„Кафез од гревови“ Од Братислав Ташковски, „Макавеј“, 312 страници

Клучните тематски и стилски коти на новиот роман претставуваат своевидно надоврзување на неговиот претходен роман „Ако даде Господ“, со кој овој автор го најави својот штедар влог во романсиерското богатство на македонската литература. За новото дело на Ташковски свои препораки објавуваат и двајцата еминентни македонски критичари, Санде Стојчевски и Венко Андоновски. „Овој роман на Братислав Ташковски го потврдува рангот на неговиот автор и претставува висок комплимент за македонската литература и за творителните потенцијали на македонскиот јазик“, нагласува Санде Стојчевски. „Братислав Ташковски повторно напишал одличен роман. Бог и Македонија се главните точки околу кои се движи неговата исповед. Неговиот лик Иван Источни е како некој наш Ахмет Нурудин, духовник и револуционер, еден типичен Македонец во парадоксалниот македонски дваесетти век“, напоменува Венко Андоновски.



„Зазорување“ Од Стефани Мајер, „Три“, 536 страници

Кога го сакаш тој што те убива, немаш избор. Како да бегаш, како да се бориш, кога со тоа ќе го повредиш саканиот? Ако животот е се' што имаш да му дадеш, како да не му го дадеш? Ако навистина го љубиш? Да се биде непоколебливо вљубен во вампир за Бела Свон претставува истовремено фантазија и кошмар, испреплетени во опасна реалност. Растргната меѓу силната страс�� за Едвард Кален од една страна и нејзината длабока поврзаност со врколакот Џејкоб Блек од друга страна, таа доживува бурна година на искушување, загуба и расправија што ја водат до крајната пресвртница. Неминовниот избор - дали да се впушти во мрачниот, но заводлив свет на бесмртните, или да води потполно човечки живот, стана конец на кој висат судбините на двете племиња.



„Бесови“ Од Ф.М. Достоевски, „Табернакул“, 804 страници

Во превод на Бранко Варошлија, издавачот „Темплум“ ја објави книгата „Бесови“ од Достоевски. „Пред да почнам да ги опишувам неодамнешните и многу необични настани што се случија во нашиот град, кој дотогаш со ништо не се разликуваше од другите, морам, бидејќи сум невешт, да почнам од подалеку и тоа со неколку биографски податоци за надарениот и многу почитуван Степан Трофимович Берховенски. Тие детали нека послужат само како увод во хрониката што ќе ја изнесам, а самиот настан што имам намера да го опишам, ќе дојде подоцна“.








#
Статијата е прочитана 522 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 20.05.2010 01:08:20
Utrinski, ne vi ja citam rubrikata novi knigi, zasto se vdzasuvam od neciviliziranoto, neprofesionalnoto sostavuvanje na informacijata. Ke napisete li ednas za site knigi (od stranski avtori) koj e preveduvachot? Ne potcenuvajte gi citatelite na knigi i na vasiot vesnik! Znaeme sto e smatok, a sto biser. Fala mu na Boga citatelite znaat koga e prevodot konfekciski, a koga e avtorski.

Најди! во Утрински
Култура
„Двојно кодирање“ изложба на Ели Аиноска
Професорите од ФЛУ прв пат изложуваат заедно
„Спиноза“ на сцената на Драмски театар
Вечер на Густав Малер со Македонската филхармонија
Ивана Настеска добитник на наградата за графика на ДЛУМ