Правото на избор на пациентите каде да се лекуваат ќе биде ограничено со најавената реорганизација на болничкиот сектор, со која болните нема да можат да избираат каде да се лекуваат, предупредуваат правни стручњаци.
Новините што завчера ги обелодени министерот Бујар Османи, предвидуваат матичните лекари да ги упатуваат пациентите до болниците што ги одредила државата според медицинската потреба, без можност директно да се оди на клиники. Стручњаците по уставно право велат дека со оваа новина не може децидно да се каже дека се крши правото на пациентите да изберат каде да се лекуваат. Државата мора да стави ред, но битно е како ќе се организираат болниците на пониско ниво.
„Секако, ако болниот не добие навремена или квалитетна здравствена услуга на локално ниво, тогаш и тоа како ќе значи кршење на уставното право за здравствена заштита “, вели Рената Треневска Десковска, професорка по уставно право. Ако се суди според сегашната состојба на болниците, каде што недостигаат опрема и кадар, сигурно реорганизацијата на болниците ќе значи кршење на правото на избор каде болниот да се лекува. Од Министерството за здравство се правдаат дека болниците во кои недостига опрема ќе добијат апарати од големиот тендер. Додека за стручноста на кадарот, пак, со што би се зајакнал и квалитетот на дадената здравствена услуга, Министерството планира да се ангажираат странски лекари, кои ќе ги обучуваат нашите. (Ј.Ј.)
So vakvata reforma, golem broj nasi sogragjani, zaradi zakasneto lekuvanje, kje go napustat ovoj svet. Od toa e dobro samo toa sto kje se namali brojot na nevraboteni, sto kje bide uspeh na ovaa vlada. Zar vladata ja zaboravi odlukata na ustavniot sud za pravata na pacientite????A, jas zaboraviv deka Ustavniot sud e pod "kapata" na Branko, pa odlukite netreba da se pocituvaat.Do kade kje se odi, nikoj neznae.Tesko nam!!!!!!!
Од: Julijana
Датум: 14.10.2010 13:47:05
Tokmu i zatoa nasite gragani koi imaat pari ke pocnat da se lekuvaat vo stranstvo kade ke gi polnat budzetite na drugite drzavi, a onie koi nemaat pari ke umiraat ovde, zaedno so drzavata!!!
Од: Кемал Ататурк
Датум: 14.10.2010 15:00:24
Ако дојдам во Скопје и платам за интервенција ќе одам во приватните болници и пак извиси јавното здравство
Од: s.k.
Датум: 14.10.2010 18:16:58
Bolnicite ke dobiele oprema od golemiot tender. Ne umri konju do zelena treva. Lekarite doprva ke se doobučuvale. Abe ajde ti se molam. Veke dva meseci me boli laktot: Specijalistot me "pregleda" bez rengenska snimka i bez voopšto da me dopre, što bi se reklo odokativen pregled. Dijagnoza te boli vratot, a jas se žalam na laktot. Mi prepiša eden kup lekarstva, normalno site na privatno. Rezultat, laktot seušte me boli. Za kakva reforma stanuvaše zbor?
Од: mimi
Датум: 14.10.2010 23:46:37
Ako imas pari ke se lecis ako ne mrtov si toa e makedonija
Од: Трпе
Датум: 15.10.2010 00:06:19
Види мајката,дали овој ум на ова блада им излегува од десната пета.Откако болните од внатрешноста ке умреле,ќе биле пратени во клиниките за да се утврди нивната смрт.А за болниците ЌЕ,Ќе,ќе,ќе биле набавени нови апарати како што во Скопје набавија автобуси за градски собракај.А и лекарите ќе,ќе,ќе биле пратени на специјализација а ке биле увезени странски доктори од Косово,за да ги обучуват нашите.