Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Поскапе возењето во такси во Скопје

Во иднина такси ќе чини 20 денари старт и 25 денари за секој изминат километар

Сања Наумовска


Поскапе возењето со такси во Скопје. По жестока дискусија, Советот на Град Скопје вчера реши цената на такси-превозот во иднина да биде 20 денари за старт и 25 денари за секој изминат километар, наместо предложените 40 денари за старт и 25 денари за километар. На гласањето му претходеше жестока расправија меѓу советниците од власта и од опозицијата. Дискусиите на моменти се претвораа во политички препукувања, кои се движеа од расправа за имињата на партиите до расправа која партија за колку поскапувања е виновна.

Дискусијата по одлуката започна со образложението на претседателот на Комисијата за сообраќај, Игор Гиевски, дека документот е почетна основа за средување на хаосот во такси-сообраќајот во главниот град. Според него, поскапувањето може да се разбере како еден вид компензација за обвр��ките што им се наметнуваат на таксистите со новата одлука. Имено, секој лиценциран возач на такси ќе треба да го префарба возилото во бела боја со жолта хауба и багажник. Компаниите ќе мора да се откажат од своите обележја и да ја унифицираат таблата. Ќе бидат задолжени на своите возила да стават налепници со обележја на Градот Скопје и соодветен број на возилото. На тој начин, би требало и визуелно да се одвојат од дивите таксисти што возат без лиценци.

„Одлуката е прифатлива за сите учесници во превозот. Таа е почетна основа да се внесе ред и мора да биде прифатена од таксистите. На граѓаните мора да им понудиме квалитетен превоз и не смее да има компромиси околу безбедноста на превозот. Борбата со дивите таксисти почнува сега, а одлуката е првиот чекор“, рече Гиевски.

Според реакциите на советниците од опозицијата, зголемувањето на цената ќе ги избрка граѓаните од такси-возилата и ќе ги остави таксистите без работа, а од друга страна, нема да го реши проблемот со дивите превозници. Според советникот Александар Наумовски од СДСМ, Скопје нема добар алтернативен превоз, бидејќи автобусите на ЈСП се во катастрофална состојба, а од проектот за трамвајот нема ниту Т. Со поскапувањето на такси-превозот и услугата што досега им беше достапна, сега им се одзема на скопјани. За Наумовски, решавањето на проблемот со дивите таксисти е работа на полицијата, која поседува инструменти што Градот ги нема.

На ова одговорија советниците од власта, кои нагласија дека таксито е луксузен превоз од врата до врата, па време е трендот од Европа да дојде и кај нас. Одлуката ќе биде еден вид заштита на градското јавно претпријатие, бидејќи таксистите по старата цена досега беа конкуренција на ЈСП. Одлуката и за градоначалникот Коце Трајановски, по чиј предлог цената се намали од 40 на 20 денари за старт, не е идеална, но важно е дека е направена на транспарентен начин.

„Целта е оние што живеат од такси-превоз да бидат заштитени, а граѓаните во иднина да бидат безбедни и да знаат со кого се возат“, рече Трајановски.

Со одлуката се ограничува бројот на превозници на 3.000, а се уредува и користењето на такси-стојалиштата во Скопје. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 722 пати.

Испрати коментар

Од: Mitko
Датум: 14.10.2010 13:34:13
Kako i se vo poslednive godini, taka i ova e samo polovicno resenie, odnosno ke zadovoli edna strana (pomalubrojnata), a pogolemata (patnicite), ke ostanat nezadovolni. Prostata matematika kazuva deka za edno vozenje od 5km namesto dosegasnite 100 denari, ke se naplakaat 145. Inaku tamu kade sto taksito e luksuz, gradskiot soobrakaj funkcionira perfektno, a ne kako kaj nas, ama komu da kazes?
Од: Трпе
Датум: 15.10.2010 00:10:47
Секоја повисока цена,им одговара на нашата блада.Остануват повеке пари за нивната каса за да се луксузират .
Од: Патник
Датум: 15.10.2010 01:38:16
Жално е што богатите решаваат како ќе живеат сиромашните. Со оваа одлука како да се казнуваат тие што немаат свој автомобил (како тие што ја донесоа одлуката), па ги принудуваат да се возат со автобус. А кога патниците би одбиле да се возат со такси? Само не сме ние таков народ, да се побуниме и да смениме нешто.

Најди! во Утрински
Политика
Лекари се обучуваа за академци за ревма
Местото на Македонија е во ЕУ
Побарано членство во исламските земји
Пациентите со ограничени права
Пописот да се помести во јули 2011
Нема волја за борба против корупцијата
Унијата никогаш не рекла дека името е пречка за членство






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia