Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Унијата никогаш не рекла дека името е пречка за членство

Европската унија, за разлика од НАТО, никогаш експлицитно не посочила дека името е пречка за зачленување на земјава во европското семејство. Ова е став на новиот британски амбасадор, Кристофер Ивон, во контекст на претстојниот ноемвриски извештај на ЕК за Македонија. Според него, извештајот ќе биде избалансиран и веродостојно ќе го одразува напредокот на земјата и она што е неопходно да се стори во иднина, но дека решението за името не е еден од предусловите за членство, туку реформите за хармонизација со стандардите во ЕУ. „ЕУ никогаш не посочи јасно дека тоа е пречка. НАТО беше поексплицитен во своето изјаснување за потребата од решавање на името, но ЕУ не даде таква оцена“, рече Ивон, охрабрувајќи ја притоа Македонија на патот на реформите.

Ивон не сакаше да шпекулира за содржината на претстојниот извештај на ЕК ниту дали е можно Македонија да добие датум за почеток на преговорите без да го реши името. „Се надевам дека Македонија ќе може да слави за постигнатиот прогрес што ќе се одрази во извештајот, но и дека ќе ги сфати сериозно сугестиите“, изјави тој по отворањето на втората годишна конференција на мрежата сектори за управување со човечки ресурси во државната служба, која се спроведува со помош од британската амбасада.

За вицепремиерот Васко Наумовски проширувањето не е само одговорност на земјите-кандидати, туку и на самата ЕУ. Според него, проблемите што ќе се појават при проширувањето се заедничка одговорност на земјите кои сакаат да станат членки и на институциите на ЕУ. Запрашан дали Владата ќе побара посредништво од ЕУ во спорот околу името, тој одговори дека сите институции на ЕУ што имаат надлежност околу заедничката надворешна и безбедносна политика и околу проширување се запознати со преговарачкиот процес и доколку тие дадат свој придонес, Македонија ќе биде благодарна. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 909 пати.

Испрати коментар

Од: kizo
Датум: 14.10.2010 13:45:49
Pa onda koj na kogo pika prst vo oko i se pravi so zort abdal.
Од: Јован АН
Датум: 14.10.2010 13:46:04
А што значат пораките дека условите се исполнети,останува уште да го решите прашањето за името со Грција?
Од: caci
Датум: 14.10.2010 16:00:35
Ova momce od ambasador kako od Mars da padnalo. Pa ne se ni podgotvil za negovata zadaca. Vidi, bogati imeto ne bilo precka za vlez vo EU. Pa nie sme bile vo zabluda celo vreme, ne sme znaele deka vo EU ne cekaat so rasireni ......eksremiteti. Kaza i ostana ziv.
Од: Komentator
Датум: 14.10.2010 18:02:59
Koga ke "lapnav" nekoja glupost majkami mi velese ne se pravi ENGLEZ....E ovoj i samiot se nadmina...!!

Најди! во Утрински
Политика
Лекари се обучуваа за академци за ревма
Местото на Македонија е во ЕУ
Поскапе возењето во такси во Скопје
Побарано членство во исламските земји
Пациентите со ограничени права
Пописот да се помести во јули 2011
Нема волја за борба против корупцијата






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia