Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Нема волја за борба против корупцијата

„Во Македонија има добри предуслови за борба против корупцијата и солидна правна рамка. Но, прашање е колку им се дава капацитет на институциите за антикорупциска борба. Во моментов кај нас нема многу политичка волја за борба против корупцијата“, истакна претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Илми Селами, на вчерашната промоција на извештајот за борба против корупцијата и организираниот криминал во Бугарија „Злосторство без казна“.

Во овој документ што го реиздаде Македонскиот центар за меѓународна соработка се констатира забавување на борбата против корупцијата откако Бугарија влезе во ЕУ и зголемено коруптивно дејствување на носителите на централната и на локалната власт. „Загриженоста на граѓаните за корупцијата во Бугарија е на прво место во анкетите, а кај нас на второ или на трето, што не значи дека тука е нешто подобро“, смета Селами.

Според него, граѓаните треба да преземат мерки да се самоорганизираат во борбата против корупцијата, бидејќи институциите немаат доволно капацитети и средства за да се борат самостојно. Селами истакна дека главна цел на ДКСК е да се одржи кондиција за борбата против корупцијата и постојано да се доусовршува легислативата за таа намена. Селами побара Антикорупциска комисија да добие право за давање мислење за сите законски проекти што ќе се однесуваат на корупцијата и на борбата против неа. „Давањето мислење ќе помогне да се лекуваат работите во тек, а не по нивното донесување“, објасни Селами. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 372 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 14.10.2010 12:52:41
Нашата пропагандна блада е девојка за се.Нема потреба од други институци.А зошто им е и антикорупциска комисија,зарем нив да ги лови.
Од: jovan
Датум: 14.10.2010 13:16:16
"Ko ne ume da krade , taj kune tajkune" Eden vakov grafit osamna vo Belgrad denovive. Prevedeno za nasi "priliki" bi glaselo "Onoj sto krade ne mu treba antikorupcija, onoj sto neznae da krade, straka po kompjuterive".
Од: exorcist
Датум: 14.10.2010 17:16:59
mozebi nema volja vo koalicijata sdsm-dpmne, ama ima volja kaj narodot.. taa volja nema nikogas d izgasni.. i narodot e toj sto ke gi resi ovie ujdurmi.. bez gajle da bidite predavnici.. se znae kako se resavaat rabotite, oko za oko..

Најди! во Утрински
Политика
Лекари се обучуваа за академци за ревма
Местото на Македонија е во ЕУ
Поскапе возењето во такси во Скопје
Побарано членство во исламските земји
Пациентите со ограничени права
Пописот да се помести во јули 2011
Унијата никогаш не рекла дека името е пречка за членство






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia