Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Ирците масовно на печалба во Австралија

Новите мигранти, кои бегаат од невработеноста во Ирска, ја продолжуваат старата традиција

ДАБЛИН/СИДНЕЈ - Околу 100 мажи на возраст од 20 до 30 години минатата недела ја преполнија салата за конференции во еден хотел во Даблин за да го слушнат службеникот за миграција како ги опишува личните среќни судбини кои чекаат да бидат креирани во еден друг свет, во рударските градови во внатрешноста на Австралија.

Со стапка на невработеност, која изнесува близу 15 % во Ирска, а платите се ситница во однос на оние што се нудат сега во Австралија, ова изгледа како добра зделка. „Сакам да одам и да заработам пари, а не само да се снајдам“, вели Дејвид Варли (29), кој пред неколку недели беше о��пуштен од работа како инженер во железничкиот сообраќај. „Една моја пријателка тукушто се вработи во рудник и вели дека бараат инженери иако не сум сигурен какви“.

И неговата пријателка остана без работа како проценител и размислувала да се пријави за добивање бенефиции за невработени кога отишла на интернет и веднаш забележала голем број реклами за слободни работни места во Австралија. Шест месеци подоцна, таа работи во тамошниот рудник. „Секако, повеќе би сакал да останам дома со моите пријатели и семејството, но ако мора да одите, тогаш мора да одите“, вели Варли. „Бројот на луѓе што го напуштија мојот град за да работат во странство е огромен“.

Новите мигранти ја продолжуваат старата традиција. Ирците и Англичаните беа меѓу првите доселеници во Австралија, донесени на континентот со брод како затвореници на принудна работа, почнувајќи кон крајот на 18 век. Златната треска во Австралија што траеше од 1851 до 1861 година намами стотици илјадници луѓе од британските острови и тие продолжија да доаѓаат пробувајќи си ја својата среќа во рудниците за злато се' до почетокот на 20 век.

Службеникот за имиграција, Деклан Клун, од меѓународната компанија „Виза фрст“ им кажа на мажите на средбата во Даблин дека дрводелците можат да заработат и до 90.000 годишно, а инженерите и проценителите и до 200.000 долари. „Има огромен број висококвалификувани луѓе кои заминуваат. И тие не се враќаат“, вели Клун. „Имаме висококвалификувана образована популација што и' е потребна на Австралија. Канада можеби е поблиску, но сета работа е во Австралија. И Австралија е местото каде што луѓето сакаат да одат“.

Сепак, во Австралија службениците за имиграција откриваат дека сите Европејци не се одлучуваат да работат во рудници, на отворено, под жешкото сонце, и да живеат во изолирани рударски градови како што е Карата, каде што работниците спијат во кампови изградени од пренаменети бродски контејнери. „Потенцијално на располагање има големи плати за некои луѓе, и - да, времето е сончево, понекогаш премногу сончево, меѓутоа ќе биде малку поинаку за луѓето од Даблин да живеат на 40 Целзиусови степени во Карата“, вели Џенис Маунд, генерален менаџер за компанијата за регрутирање „Менпауер Австралија“.

Акцијата за ангажирање луѓе да работат во Австралија од прекуокеанските земји досега се фокусираше на квалификувана работна сила, од рударски инженери и геолози до казанџии и електричари. Побарувачката за овие квалификации е толку голема што работната сила за во рудник сега е дефицитарна низ светот.

Во Лаос, рудникот „Минметалс“, кој е во кинеска сопственост, бара рудари дури од Полска за да работат во неговиот рудник за злато и бакар „Сепон“. Во Австралија со чартер-летови, исто така, се носат Полјаци заедно со работници од Нов Зеланд, САД и од Азија особено од релативно добрите познавачи на англискиот јазик од Филипините. Сепак, и понатаму се чувствува недостиг од работна сила.

Некои работодавци во Австралија ја гледаат вината во бирократијата, посочувајќи дека процесот за издавање краткорочни работни дозволи за квалификувана работна сила позната како виза 457 е премногу скапа и треба да биде забрзана.

Властите не воведуваат ограничувања за бројот на виза 457 што можат да бидат издадени, но бараат работодавците да покажат дека не можат да најдат или обучат Австралијци за таа работа. Странските работници, исто така, мора да имаат високо ниво на познавање на англискиот јазик, строг критериум за многу Азијци.

Извршниот директор Австралиецот, Род Едингтон, кој сега е советник во владата за инфраструктурни трошоци, минатата недела повика вратите на државата да бидат пошироко отворени особено за работниците од Азија, сугерирајќи дека се чувствува колебање за нивно вработување. „Знам дека тоа е жешка политичка тема и тешко прашање што треба да се одговори“, изјави Едингтон на бизнис-ручекот. „Но, за почеток би бил многу полиберален во однос на визите 457 и, исто така, поотворен кон квалификуваните азиски имигранти тука, бидејќи тие додаваат реална вредност на нашата заедница“.

Недостатоците се толку поразителни за рударските компании што сега тие се вртат кон неквалификуваните странски работници, познати како „чисти кожи“ во индустријата за да ги обучат да работат во јамите. Дури и канцелариските службеници во Сиднеј почнаа костимите да ги заменуваат за рударски комбинезони, а во секторот фармерство се загрижени дека рудниците наскоро ќе ги намамат нивните работници кон пустината, оставајќи ги во о��ајна потреба за работна сила. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 995 пати.

Испрати коментар

Од: Realist
Датум: 17.06.2011 02:09:30
Do Utrinski,ke ve molam ne prepisuvajte propagandi,ne e ni tuka med i mleko,eve vi malku zabava,1 soben stan za renta vo Karata e $ 2000 na mesec,lebot e 5 dolari za 600 grama, banani 12 dolari kilo,meso 42 dolari kilo,pivo 56 dolara 9 litra,Domati 12,krastavici 12,i na krajot moze ke ti ostanat $2000 na mesec,a zesko e 45 stepena zemjata puka po 1 metar koga nema dozd ,koga vrne poplavi i izolacija toa e vistinata,a sto so drugite centri kaj sto nema rabota,ova e samo bum fala na Kina i Indija koi kupuvaat surovini od Avstralia,inaku kriza ima i tuka i toa kako se oseka.
Од: До Реалис
Датум: 17.06.2011 03:58:14
Епа Реалис враќај се овде 200-300 евра плата 150 евра стан 150 евра храна месечно сметки 50-100 евра. Плус си чул можеби овде криза нема.

Најди! во Утрински
Свет
Конгресмени го тужат Обама за нападот врз Либија
Грција политички се распаѓа
Унгарци бараат две автономии во Романија
Војводина умира мултиетнички

"""