|
|
|
|
|
|
Грција политички се распаѓа
Педесет и деветтиот роденден грчкиот премиер го „славеше“ со вториот чин од најновата грчка трагедија „Избори или нова влада“
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Ни Јоргос Папандреу и Грција нема да го заборават 16 јуни. Грчкиот премиер вчера не успеа да го прослави роденденот. Презафатен беше со разврската на политичкиот јазол за иднината на државата и продолжението на политичкиот трилер што започна во средата со неизвесноста дали ќе даде оставка, ќе распише предвремени избори или ќе формира заедничка влада со опозициската Нова демократија. Неодлучноста на премиерот, проследена со огромни медиумски притисоци и шпекулации, го сведе имиџот на Грција на крајно несериозен, особено три дена пред средбата на еврогрупата во Брисел на која ќе се разговара и за финансиската поддршка на државата.
Драмата на вториот ден беше уште поголема од таа на првиот. За потсетување, крајот од првиот дел од трилерот пристигна во средата вечер, по девет часа неизвесна политичка драма. Грчките новинари што имаа закажано штрајк заедно со другите синдикати во средата, во 12 часот напладне, го прекинаа штрајкот за да се посветат на драматичната состојба што започна со гласиштата за оставка на Папандреу. Грција беше речиси убедена дека по долгото телефонско преговарање меѓу Папандреу и Самарас денес ќе осамне заедничка влада со нов премиер. Меѓутоа, иако Папандреу го прифати барањето на неговиот противник за нов премиер, со заедничка одлука, сепак, договорот за заедничка влада падна во вода поради непопустливиот став на Самарас и барањето за одново преговарање со ЕУ и со ММФ за мерките и реформите за Грција. Целодневниот трилер заврши со одлуката на Папандреу за реконструкција на владата. Меѓутоа, во текот на вчерашниот ден дојде до пресврт, со што беше ставен прашалник и на таа одлука. Од прашањата и барањето на имињата на потенцијалните министри за реконструираната влада што требаше да се објави во текот на денот топката се префрли повторно на темата за можни предвремени избори. Разговорите за тоа кој би сакал да биде дел од новата влада што ќе се справи со најтешките критики, притисоци и одлуки досега запреа кога изутрината двајца од пратениците на ПАСОК поднесоа оставка, со што бројот на пратеници кои откажаа послушност на пратеничката група се зголеми на тројца. Дел од пратениците на ПАСОК критикуваа против политиката на премиерот, додека другите бараа единство и да не се заборави нивната работа и обврска кон грчкиот народ за зачувување на стабилноста на државата. Наглите оставки, жестоките критики од пратениците доведоа до тоа да биде свикан итен состанок на пратеничката група на ПАСОК. Се шпекулираше дека пратениците ќе расправаат за недостигот од политичко лидерство во овие кризни моменти за Грција и дека од нив може од нив да се очекува и најцрното можно сценарио да побараат предвремени избори или да изгласаат да го симнат Папандреу од власт. Медиумите шпекулираа дека големи се шансите Папандреу да излезе пред нив и да им каже дека продолжува со зацртаниот план, па тие да го урнат ако сакаат. Она што најинтензивно се слушаше и од политичките аналитичари, како и од пратениците на ПАСОК, но и од опозициските партии и дека Папандреу веќе не може да го контролира кормилото на бродот што почна и политички да тоне. Аналитичарите забележуваа дека целосно е урнат и угледот и довербата на Папандреу и дома и во очите на меѓународната заедница. Генералната оцена беше дека Папандреу со самото тоа што се согласил доколку има заедничка влада да има нов премиер дава оставка и се откажува од водењето на државата и е само прашање на време кога ќе објави предвремени избори. Неизвесноста од тоа што дискутирале Папандреу и Самарас доведе до шпекулации дека дури и дискутираат кој ќе биде виновен дека не успеала заедничката влада. Самарас по одлуката на Папандреу за реконструкција на владата, но не и соработка за заедничка влада само истакна дека премиерот испуштил голема шанса за спас на државата. Меѓутоа, она за кое Самарас го доби својот минус во преговорите за заедничка влада е барањето да се преговара повторно со ЕУ и со ММФ, нешто што Грција не може воопшто да си го дозволи.
Грчките политички аналитичари остро им забележаа и на двајцата лидери дека не покажале политичка зрелост и сериозност да се договорат заеднички за спас на државата и дозволиле уште подлабоко да потоне во очите на светот. Дел од пратениците коментираа дека државата се однесува како разгалено дете и се поставува како да не сака да биде спасена, туку како некој друг отстрана да сака да ја спаси без таа да има некаква посебна желба за тоа. Лидерот на десничарската ЛАОС, Јоргос Караџаферис, побара и интервенција од грчкиот претседател, а сите други партии побараа итно распишување на предвремени избори. Единствената изјава од грчкиот претседател по средбата со Караџаферис беше дека економската криза не смее да се дозволи да стане политичка криза на државата.
До затворањето на весникот не беше објавена официјалната одлука на грчкиот премиер за иднината на државата, без оглед дали се тоа реконструирана влада што ќе се бори за спроведување на среднорочниот план и новите економски мерки или предвремени избори. Ставот што ��реовладува во политичките кругови е дека независно од тоа кој ќе го преземе кормилото на Грција, со или без избори, неспроведувањето на планот, мерките за штедење договорени со ЕУ и со ММФ ја води Грција кон сигурен банкрот.
|
#
|
Статијата е прочитана 2469 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: srebre |
Датум: 17.06.2011 00:22:59 |
|
papandreu barem ponudi ostavka po demonstracii...grcite dozivuvat turisticki bum poradi krizata vo egipet i tunis...tolku dobro ziveat grcite i pak se bunat aba kaj nas ni rabota ima socijala 20evra,vmro od nevraboteni bara i sinite kartoni da sami si gi platat i nikoj ne izleze na ulica......... |
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 17.06.2011 01:45:05 |
|
Juzniot sosed gi potrosi parite za propaganda protiv Makedonija, ama Gospod gleda pa vraka! E sega red e na juzniot sosed da se raspadne. Edinstven spas e da se prodadat na kinezite, pod uslov tie da sakaat da gi kupat na namalenie! |
|
|
|
|
|
|
Од: Goki |
Датум: 17.06.2011 03:16:34 |
|
Da sobereme pari i da go kupime solun nazad :) |
|
|
|
|
|
|
Од: Tinat |
Датум: 17.06.2011 08:53:36 |
|
Odamna turistite vo Grcija se bunile za nedostatok na higienski uslovi za nuznici i prostoriji za odmor.
Cistacite go napustale rabotni mesta oti ne bile plateni po meseci. Necija banka vo Svajcarija e plna.
I taka so uznemirenie po toj red, politikata na Grcija go svrti problemot na prema nas Makedonci, i cak vo Australija nie imavme problemi so Grcki politicki lobi,
koi od ednas, pocnale da ne prekrstuvat vo Sloveni.
A eden tukasen politicar im kaza, Zost site vo reonot ne gi vikate tie zemmji, ednostavno, "Makedonija" a
ljugeto Makedonci, i stavete mu kraj na ova nerazumnost. Veruvam mnogu Grci imale srcan udar na ovoj predlog. I taka izmislile nov podvi, so naseto
nepostojanje. Istorija po vistina e proslost, a lugeto
gi jade sosema nesto drugo. |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 17.06.2011 09:26:26 |
|
Grcija da raspadni i poftorno Makedonija slavna da zavladee so svetot .No sepak aftorkata izgleda nauchila barem neshto a toa e angliskiot zbor TRILER ,Me interesira dali znaj poveke ili samo eden ?Dobro bre luge Kazuvate deka Makedonsite zborvaat slavjanski a dali nekoj se prashal kolku godini Makedonija i makedonskiot narod beshe pod rostvo od Rimjanite ,Turcite i posle Tatarite i Srbite ,pa da uchea po eden zbor sekoj den ete ti go noviot jaziki nishto ne e chudno ali nie nikogash ne sme bile pod Anglija a vo poslednive 20godini vo Makedonskiot jazikj imame stotici angliski zborovi a verojatno tie shto gi pishuvaatnemaat pojma shto znachat .Me interesira zoshto jazikot se menuva ?Dali so toa sakame da kazime kolku sne pametni ili kolku stanuvame po glupavi. |
|
|
|
|
|
|
Од: hawk |
Датум: 17.06.2011 10:27:15 |
|
Вистинскиот долг на Грција е 1300 милијарди евра.
Тоа во светски размери и стравично и има опасност повторно да генерира криза. Го доведува во опасност опстанокот на ЕУ и постоењето на еврото, кое е сврзното ткиво на ЕУ.Во ваков случај подобро е да има имплозија и штетата да ја претрпи само Грција, отколку цел свет пак да трпи последици. |
|
|
|
|
|
|
Од: ГОЦЕ - АМСТЕРДАМ |
Датум: 17.06.2011 11:50:43 |
|
ГРЦИЈА Е ТЕЖОК ШЛЕПЕР БЕЗ КОЧНИЦИ КОЈ ОДИ НА УДОЛНИЦА ! Не само што
политички се РАСПАГЈА туку според председателот Папулјас „ ЗАГРОЗЕНА Е И ДЕМОКРАТИЈАТА „
СМЕШНО НО ВИСТИНИТО , Не е загрозена Демократијата во Грција, туку ГРЦИЈА СЕ РАСПАГЈА ЗАТОА
ШТО ИМИТИРАШЕ ДЕМОКРАТИЈА ! Модерната Демократија значи институции во државата кои гарантираат
контрола врз сите подрачја на функциониранје на една држава од демократски права на малцинствата ( МАКЕДОНЦИТЕ ,
ТУРЦИТЕ ,ВЛАСИТЕ,РОМИТЕ ) па се до контрола на финансиските задолжуванја , трошенјето тугји пари па и плакјанјето
порез на државата ! Модерната демократија во Грција е недостижна па затоа на површина излегуваат Грчките недемократски аномалии ! |
|
|
|
|
|
|
Од: Zeitgeist |
Датум: 17.06.2011 14:38:02 |
|
I sveti Petar da go stavat za premier ne gi spasuva od bankrot ! Edinstveno sto ja spasuva Grcija e voskresnuvanje na "nivniot" Aleksandar Megalos i da trgne vo osvojuvanje na novi teritorii, kako Makedonija, del od Turcija i Bugarija. Mozebi izgleda morbidno, no sepak ova i se slucuva tivko, poleka i sigurno vo poslednive 20 godini. Ostanuva da vidime kade i kako ke zavrsi. |
|
|
|
|
|
|
Од: k2 |
Датум: 17.06.2011 14:39:08 |
|
Daj boze da propadne..... |
|
|
|
|
|
|
Од: ГРЦИЈА Е ТЕЖОК ШЛЕПЕР БЕЗ КОЧНИЦИ КОЈ ОДИ НА УДОЛНИЦА ! |
Датум: 17.06.2011 17:00:09 |
|
Toчно.Во внатрешноста апатија. Нема работа. Молерај, бавча, занатски услуги и толку. Се троши заштеденото. Младите бараат работа на запад. Млади црнокошулаши на готовс. Солун улиците се наполниле со КУТИЈА-ТЕЗГА. Затворени дуќани. Планираат да затвараат. Луксуз не се купува. Зголемени цени мала потрошувачка. ДЕНЕС е 17-06-2011. ШЛЕПЕРОТ ТРГНА НЕПОВРАТНО ПО УДОЛНИЦАТА. |
|
|
|
|
|
|
Од: von kragh |
Датум: 17.06.2011 23:51:27 |
|
Grcija ima da odi bankrot toa site vece go znaat i se pomiruvaat so istoto, problemot vo seto ova e samo koga gospodjata Merkel ce go dozvoli toa ili na drug nacin prevedeno koga najmali ce bidat sansite za raspad na evrozonata |
|
|
|
|
|
|
|
|