Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Е��ономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Војводина умира мултиетнички

Политичарите од Војводина постојано се колнат во нејзиниот мултиетнички и мултикултурен карактер. Досега беа ретки оние што се занимаваа со прашањето за меѓусебната комуникација меѓу различните етнички групи, како и со прашањето - дали и колку и' наштетиле на таа комуникација судирите во поранешна Југославија.

Жужана Серенчеш, која се занимава со анализа на медиумите во Војводина, вели: „На формално ниво постои разбирање и почит за другите етнички групи. Меѓутоа, недостасува суштинско познавање и суштинска присутност на проблемот на разните етнички групи. Исто така, недостасува и меѓусебна комуникација. Не постои струење меѓу нив, нема комуникација, размена на идеи и мислења“.

Аналитичарката Серенчеш како пример ја наведува состојбата во јавниот сервис на Војв��дина, кој емитува радио и телевизиска програма дури на 10 јазици. „Но, тие програми се затворени во себе, редакциите се одвоени една од друга и нема никаква комуникација меѓу нив“, оценува Жужана Серенчеш.

Далибор Ступар, пак, е автор на документарниот филм „Живот покрај“, кој е снимен во рамките на поширок проект на повеќе невладини организации и независни телевизиски продукции под заеднички наслов „Дијалози на културите од Војводина“. Тој е роден во градот Темерин, кој последните години стана токму познат по меѓуетнички инциденти.

„Кога бевме мали не се гледаше воопшто на тоа кој е од која нација. А сега, кога одам на гости кај родителите и кај брат ми, гледам дека луѓето се поделени. Секој си ја гледа својата работа и се дружи само со оние од својата етничка група“.

Ступар уште нагласува дека постарите генерации, се чини, се многу потолерантни што се однесува до другите етнички групи, додека кај помладите постои порезервиран став. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 1140 пати.

Испрати коментар

Од: zrak
Датум: 17.06.2011 06:33:48
TITO E EDEN i znaese kako

Најди! во Утрински
Свет
Ирците масовно на печалба во Австралија
Конгресмени го тужат Обама за нападот врз Либија
Грција политички се распаѓа
Унгарци бараат две автономии во Романија

"""