Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Французите мислат дека не згрешиле за европскиот Устав

Французите не се евроскептици, но кај нив владее чувството на постојано незадоволство во однос на Европа

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Во периодот кога Франција ги прави последните подготовки за преземање на претседателството со Европската унија и кога во францускиот парламент се довршува изработката на законот со кој ќе биде променет Уставот на земјата, со што ќе биде отстрането автоматското организирање референдум при приемот на нови земји-членки во ЕУ, француското јавно мислење останува на своите позиции.

Три години по референдумот од 29 мај 2005, кога 54,67 отсто гласаа против европскиот Устав, во испитувањето на јавното мислење 64 отсто од испитаните сметаат дека отфрлањето на Уставот не предизвика тешки последици за европската конструкција. Повеќе од половината испитани Французи (52 отсто) оценуваат дека француските политичари не станаа повнимателни кон јавното мислење за начинот на кој се гради Европа, откако беше отфрлен Уставот.

Мнозинството од испитаните (51 отсто) смета дека неприфаќањето на Уставот не ја оцрнил сликата на Франција во Европа. Напротив, дури 57 отсто од испитаните Французи се на мислење дека им направиле услуга на Европејците од другите земји-членки на ЕУ во кои не беше организиран референдум.

Француските и европските раководители можат само да се прашаат зошто нивната политика не е разбрана од Французите, имено, 57 отсто од испитаните Французи сметаат дека по 29 мај 2005 не се има променето начинот на кој се води европската конструкција. Од друга страна, 29 отсто се на мислење дека има промени во водењето на европската конструкција, но кон полошо и само 13 отсто сметаат дека тоа е кон подобро. Французите не се евроскептици, но очигледно дека кај нив владее чувството на постојано незадоволство во однос на Европа. Европската конструкција за нив е далечна и институционализирана и единствениот видлив и допирлив предмет од европската конструкција е заедничката монета-еврото, која не ја сакаат многу, бидејќи таа тесно ја поврзуваат со негативните последици, како што е постојаниот раст на цените.

Започнувајќи од јули се' до крајот на 2008, Франција ќе претседава со ЕУ. Во 2009 година ќе се одржат европските избори за Европскиот парламент, прашањето што се поставува сега е дали нивното незадоволство од начинот на кој политичарите го зедоа предвид нивното нез��доволство од водењето на европската политика ќе се одрази и при гласањето. Ако тоа биде само со зголемен број на оние кои нема да гласаат, тоа не е страшно. Страшно е ако ова незадоволство го канализираат суверенистите и сите други противници на Европа, без разлика дали доаѓаат од левицата или од десницата. Политичарите се предупредени, сега тие се на потег да им ја направат Европа поблиска на Французите, а не само да им зборуваат за неа пред европските избори или само кога треба да се најде „виновник“ за внатрешните проблеми во земјата.


Статијата е прочитана 164 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Обама ја доби битката против Хилари
Германија е првата европска станица на Медведев
Шефер бара повлекување на руските единици од Абхазија
Американските бродови со пом��ш ќе го напуштат Мјанмар
Напад со автомобил-бомба врз конвој на НАТО во Авганистан
Судан е на прагот на обновување на граѓанската војна