Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Судан е на прагот на обновување на граѓанската војна

КАРТУМ - Ривалски воени единици од северниот и јужниот дел се собираат во централен Судан, јави официјален претставник на ОН. Судан е „на работ“ на обновување на 20-годишната граѓанска војна, јави регионалниот координатор на ОН за јужен Судан, Дејвид Грасли. Предупредувањето следуваше по неодамнешните судири во регионот Абји богат со нафта, на кој претендираат и двете страни.

Американскиот пратеник во Судан предупреди дека лидерите на двете страни не се заинтересирани за мир. Новите предупредувања следуваа откако Советот за безбедност на ОН работи на состојбата во Судан, обидувајќи се да ги ублажи тензиите во Абји како и во западниот регион Дарфур. „Во овој период се случува постепена ескалација на силите на сите страни“, рече Грасли. Тој смета дека ниту една страна во овој момент не сака војна, но дека состојбата мора да се смири или би можела да го поткопа целиот мировен процес. ((Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 127 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Обама ја доби битката против Хилари
Французите мислат дека не згрешиле за европскиот Устав
Германија е првата европска станица на Медведев
Шефер бара повлекување на руските единици од Абхазија
Американските бродови со помош ќе го напуштат Мјанмар
Напад со автомобил-бомба врз конвој на НАТО во Авганистан