Шефер бара повлекување на руските единици од Абхазија
БРИСЕЛ - Генералниот секретар на НАТО побара Русија да ги повлече единиците што ги испрати минатата недела во спорната отцепена провинција на Грузија - Абхазија. Јап де Хоп Шефер ја обвини Русија дека го прекршила суверенитетот на Грузија со испраќање персонал на воената железница. Генералниот секретар на НАТО рече дека рускиот чекор „придонесува за нестабилност во веќе невралгичната област“. Абхазија се отцепи од Грузија со војна во почетокот на деведесеттите години по распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Во саботата Русија најави дека ќе испрати 300 припадници на невооружената единица од силите на воената железница во провинцијата, кои ќе помогнат во поправките на мрежата, означувајќи го тој чекор како хуманитарен обид. Грузија возврати дека Русија планира воена интервенција во провинцијата.
„Тие сили треба да се повлечат, а и Русија и Грузија треба брзо да се ангажираат во отворен дијалог на високо ниво за смирување на тензиите“, рече Де Хоп Шефер.
Грузија, која се надева дека ќе се приклучи во НАТО, ја обвини Русија дека ги поддржува сепаратистите во регионот со мировни сили. Напнатоста е интензивирана откако Москва во април најави дека воспоставува официјални односи со сепаратистите. Русија ги задржа мировните сили во провинцијата и во Јужна Осетија согласно договорот постигнат по војните во деведесеттите години, кога регионите се отцепија од Грузија и воспоставија врски со Москва. Во Абхазија се распоредени околу 2.000 руски војници, а околу 1.000 во Јужна Осетија. (Би-Би-Си)
kOGA slusnal sto rekol Sefer Putin ne zaspal cela noc ama se setil deka NATO e bez Makedonija pa mu olesnalo. Pa zaspal duri vo utrinskite casovi Sramota sto mu pravat ce go nalutat i toj licno ce im gi zatvori ventilite za nafta i gas
Од: Simo, Holandija
Датум: 05.06.2008 10:55:16
На главниот на НАТО презимето му е Схефер. А не „Шефер“. Шефер е на германски, а германците и холанѓаните не се мирисаат многу - многу. Дури србите почнаа по весниците точно да го пишуваат. А камо ли некој што е кандидат за друштво со него. Ќе има ли некој маж во Македонија да го крсти како што му е името, па да не` турат во друштво со писмените. Утрински да се јави во холандската амбасада во Скопје и да праша како му е презимето на чоекот, да види како треба!
Од: Shefer
Датум: 05.06.2008 11:58:49
Gospodine Simo od Holandija, e bas mi olesni oti ni objasni deka ne bil Sefer, tuku Shefer.Mnogu ni e gajle kako se vikal.Sustinata na nestata ne zavisi od toa.Koga sum kaj Shefer kako sto velis deka se vika i jas da spomenam deka Putin i Medvedev son ne gi faca koga cule sto kazal holangjanecot, heeeee.