Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Напад со автомобил-бомба врз конвој на НАТО во Авганистан

КАНДАХАР - Бомбаш-самоубиец вчера со автомобил-бомба влезе во конвојот на НАТО во јужниот дел на Авганистан притоа убивајќи двајца авганистански цивили и повредувајќи тројца војници од Алијансата, изјавија од полицијата. Нападот се случил на патот кон градот Спин Болдак, кој се протега на границата со Пакистан. Од местото на инцидентот се издигнуваше чад, а војници ја затворија областа, соопшти полицијата. Во друг самоубиствен напад во југоисточната провинција Кост, уште еден бомбаш влета со автомобилот во владин објект, изјави гувернерот на провинцијата Арсалах Џамал. Тој не откри други детали.

Нападите се случија во услови на се' поголемо насилство во Авганистан од 2006 година кога соборените Талибанци почнаа да ги прегрупираат своите сили. Талибанците кои ја имаат поддршката од Ал Каеда ветија дека годинава ќе се фокусираат на повеќе самоубиствени напади како дел од востанието против власта и странските сили стационирани во земјата. Минатата година во Авганистан се случија повеќе од 140 самоубиствени напади, имитација на востанието во Ирак, а досега годинава бројот на таквите напади е многу поголем во споредба со истиот период лани. Најголем број од жртвите на самоубиствените напади се цивили. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 149 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Обама ја доби битката против Хилари
Французите мислат дека не згрешиле за европскиот Устав
Германија е првата европска станица на Медведев
Шефер бара повлекување на руските единици од Абхазија
Американските бродови со помош ќе го напуштат Мјанмар
Судан е на прагот на обновување на граѓанската војна