Се враќа рампата на паркингот кај „Свети Димитрија“
„Градски паркинг“ од понеделник ќе ја врати рампата на паркингот „Камени мост“, којашто беше тргната по барање на свештениците од црквата „Свети Димитрија“. Деновиве, информираат од јавното претпријатие, Апелациониот суд донел решение за укинување на привремената мерка за забрана на користење на паркингот, со што на „Градски паркинг“ му се враќа правото на стопанисување.
На сите корисници кои имаа платено годишни и месечни билети ќе им бидат продолжени картичките за оној период за кој што паркиралиштето не работеше. Наскоро, овој паркинг ќе биде обележан и ќе влезе во проектот за зонско паркирање.
Засега, паркирањето ќе чини 20 денари за еден час, а првите 15 минути се бесплатни. За свештениците кои ќе паркираат во дворот на црквата, влезот ќе биде бесплатен. (С.Н.) |