Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Почнува обележувањето за зонско паркирање во центарот

Прв ќе се обележи паркингот на „Даме Груев“, кај полициската станица „Беко“

„Градски паркинг“ в понеделник ќе почне со обележување на првите паркиралишта кои ќе влезат во проектот за зонско паркирање во центарот на градот. Прв ќе се обележи паркингот на улицата „Даме Груев“, кај полициската станица „Беко“, кој в понеделник и вторник треба да биде испразнет од возила. Ако некој не го помести возилото, Пајак-службата ќе го дислоцира на некое од околните паркиралишта.

Од среда до петок ќе се бележи паркингот на улицата „Даме Груев“, зад Министерството за надворешни работи и Собранието, а од 27 до 30 октомври паркингот на кулите на улицата „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, спроти „Рамстор“. Покрај бележење на паркинг-местата, на овие три локации ќе се постави и вертикална сигнализација со информации за зонското паркирање.

Во „Градски паркинг“ објаснуваат дека новиот тип паркирање ќе започне по еден месец, откако граѓаните детаљно ќе бидат информирани за начинот на користење и плаќање. Засега, цените и дозволеното време за паркирање не се утврдени, а се знае дека ќе се плаќа со праќање СМС и купување талонче во трафика.

„Очекуваме соработка и трпение од граѓаните додека трае обележувањето на паркиралиштата. Добро е сите возила да бидат дислоцирани во предвидените термини, за да се заврши работата навреме. Доколку останат возила, ќе ги поместиме, но нема да ги носиме во депото, туку на некој паркинг во околината“, вели Љупчо Јованов, директор на „Градски паркинг“. (С.Н.)


Статијата е прочитана 178 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
За една година ќе почне да се гради подземната улица покрај кејот
Ограничен сообраќајот кај Момин Поток
Се враќа рампата на паркингот кај „Свети Димитрија“
Антикорупциска го чека Уставен суд за „Мал ринг“
Децата без родители во „Екшн-парк“