Децата без родители во „Екшн-парк“
Децата штитеници на домовите „11 Октомври“, „25 Мај“, СОС „Детско село“, „Ранка Милановиќ“, „Партение Зографски“ и Домот за деца без родители од Битола, денеска ќе се дружат во „Екшн-паркот“ на Скопски саем. Во организација на Агенцијата за млади и спорт, 300 деца ќе го поминат денот во забава и меѓусебно дружење и запознавање. (С.Н.) |