Ограничен сообраќајот кај Момин Поток
Денеска и утре, поради реконструкција на раскрсницата кај Момин Поток, ќе биде ограничен сообраќајот на булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“. Имено, на потегот од касарната „Илинден“ до раскрсницата со булеварот „Словенија“ ќе биде затворен сообраќајот на „Никола Карев“. Исто така, ќе биде забрането возењето по „8 Септември“ на потегот од раскрсниците со улиците „Скупи“ и „Никола Карев“. |