Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Политика

Павле изолиран во власта

Александра М. Митевска


Симптоматично прозвуче апелот на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за закажување лидерска средба пред претстојниот самит на НАТО и заседанието на Советот на ЕУ. Уште посимптоматичен беше одговорот на премиерот Никола Груевски, кој го одби барањето на својот коалициски партнер со речиси истата формулација што ја користи кога опозицијата ќе излезе со процени дека партиските водачи треба да седнат на заедничка маса за да ги разгледаат прашањата од кои зависи меѓународното позиционирање на државата. „Лидерски средби се организираат кога има потреба за тоа. Во оној момент кога ќе имаме нешто ново или некаква потреба, сигурно ќе организираме таква средба“, рече Груевски. Со образложение дека проширувањето не е тема на ноемврискиот самит на Алијансата во Лисабон, и кабинетот на претседателот, Ѓорѓе Иванов, не покажа разбирање за предлогот на ДС да се изгради заедничка платформа за интегрирање на Македонија во НАТО и за почнување на преговорите со ЕУ.

Всушност, прашањата поврзани со евроатлантското интегрирање на Македонија веќе подолго време не се тема за која на заедничка маса дискутираат лидерите на партиите од власта и од опозицијата. Ниту декларативниот консензус по ова прашање ниту постојаното усложнување на процесот не се доволни провокации за државниот врв да се сретне со политичките противници. Од тој аспект, неуспешната мисија на Трајанов немаше да биде изненадување да не стануваше збор за човек и за партија од таборот на власта, односно за партнер во дваесетчлената коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа уште поголемо изненадување беа квалификациите што владејачкиот пратеник ги наведе како причина за иницирање на лидерската средба: „Македонија се движи во политичка, како и во економска изолација, која ќе има негативни рефлексии врз севкупните состојби во земјава на политички и на безбедносен, пред се', на социјален план“.

Дали ваквите настапи на пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ се сигнал за одредени раздвижувања во владејачкиот камп?

„Тешко нам ако Трајанов треба да ги потсетува претседателот и премиерот до каде е дојдена ситуацијата, ако тој треба да им укажува на она што е очигледно - дека работата е нож до коска“, коментира потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев. За изјавата на премиерот дека средба ќе има кога ќе има нешто ново да се соопшти, Георгиев вели дека очигледно нема ништо ново, бидејќи ништо не се работи на планот на евроатлантското интегрирање. „Во таков случај и јас не гледам смисла во тоа да правиме седенки, само за да се пие кафе и потоа да се спинува јавноста“.

Трајанов вчера ни изјави дека нема разногласие меѓу него и ВМРО-ДПМНЕ и оти ДС е самостојна партија што може да настапи со свој став. Пред околу една година оваа партија излезе и со предлог-декларација за решавање на проблемот со името, при што се предлагаше фазно решавање на долгогодишниот спор. Трајанов вели дека премиерот ја дал изјавата за лидерската средба пред ДС да излезе со својот предлог. Според тоа, изјавата на Груевски не се однесувала конкретно за иницијативата на ДС.

„Македонија е изложена на своевиден притисок и како резултат на тоа земјата оди кон изолација. Да го немавме спорот за името, сето ова немаше да се случува“, појасни вчера Трајанов.


#
Статијата е прочитана 1588 пати.

Испрати коментар

Од: Ја
Датум: 17.11.2010 12:48:33
Безгласна буква - полтрон и климоглавец на власта но им се ближи крајот.
Од: xxL from Prilep
Датум: 17.11.2010 13:21:20
bravo Pavle,konecno ti svetna a?
Од: забеган.
Датум: 17.11.2010 13:35:45
Телевизор со слика без глас.
Од: boris
Датум: 17.11.2010 13:55:37
Павле од секогаш бил промашен политичар...,Најслабата алка во секоја влада...Се' тој нешто демек најмногу знае,но абер нема од ништо и не знам зошто сеуште го земаат за релевантен фактор за безбедносните работи во МК ако бил кусо време министер на МВР?! Слаб политичар без тронка харизма во себе!
Од: Трпе
Датум: 17.11.2010 14:59:26
Зарем Павле сега се разбуди од зимскиот сон,да свати дека Грујо сака да си има работа само со деца и овие кои размислуват како деца.
Од: Zoki
Датум: 17.11.2010 20:40:02
Ovoj ziv bil,koga ne go igraat togas ke se javi,da kazuva kako loso se zivee vo zemjava
Од: Професорка
Датум: 18.11.2010 11:07:53
Павле, зарем не знаеше со кого садиш тикви? Од тебе се бараше само послушност, а не да имаш став за нешто. Добро е, има надеж.

Најди! во Утрински
Политика
Тачи му ги брои парите на Аџиев
Ќе се разбие ли македонскиот монопол со инсулинот?
Мал одѕив за „Правда, слобода и еднаквост“
Колку тежи претседателот на Комисијата
Анкета
Ќе се вработат 12 училишни дефектолози
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011