Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Политика

Тачи му ги брои парите на Аџиев

Лидерот на ДПА најавува итна лустрација на првиот лустратор

Оливера Војновска


Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вчера отворено се посомнева дека претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, се збогатил благодарение на лустраторска функција. Тачи вели дека „Аџиев не е свесен што ќе го снајде“ и најавува негова „итна лустрација“, со која, наводно, ќе се обелодени дека првиот лустратор тежи најмалку половина милион евра. Аџиев ги негира ваквите обвинувања и тврди дека е „чист како солза, дека мирно спие и нема дополнителни приливи на неговите сметки“. Според него, Тачи е пропаднат политичар и по секоја цена сака да се врати во политиката.  Челникот на ДПА вчера при посетата на Исламската верска заедница, жестоко го нападна претседателот на Комисијата за верификација на фактите. „Ќе го лустрираме и него и ќе откриеме многу цифри во неговите банкарски влогови: 300.000, 400.000, 500.000 евра. Многу брзо ќе одиме на суд, а ќе одиме и на друго место. Претседателот, бидејќи е неспособен од секој аспект, не знае дека постои друга многу итна процедура со која тој ќе се најде во многу тешка ситуација. Тој сигурно потпирајќи се на гаранции на некој од Владата, мисли дека судскиот процес може да трае четири-пет години. Ве уверувам дека процесот ќе почне за седум-осум дена и тој ќе се чуди што ќе му се случи“, изјави Тачи, коментирајќи ја изјавата на Аџиев дека тој и неговиот адвокат не го знаеле Законот за лустрација. Лидерот на ДПА уште кажа дека членот на Комисијата Агим Мехмети (кој е предложен од ДПА, но не е нивни член) ќе се повлече од функцијата, бидејќи „е јасно Комисијата работи по директива на власта“. Тачи не го интересира тоа што лидерот на ДУИ, Али Ахмети го нарече „лудак жеден за власт“ и нагласи дека повеќе нема да коментира „докажани удбаши“!

Аџиев не е изненаден од настапот на Тачи, бидејќи, како што вели, тој е излезен од политиката и бара начин како повторно да се и' врати“.

„Тоа се целосни невистини. Моето семејство е чесно. Имотот со кој располагам е спечален со труд и е стекнат уште пред да дојдам во Комисијата за лустрација. Откако сум во Комисијата, нема дополнителни приливи и промени во капиталот. Имам трансакциска сметка и штедна книшка на која износот се менува само од каматата. Тоа може многу лесно да се провери“, вели Аџиев и додава дека не сака да се занимава со обвинувањата на Тачи.

Деновиве Комисијата за верификација на фактите побара од Собранието измени на Законот за лустрација во неколку негови одреби. Меѓу другото, се бара Законот да не важи само до 1991 година, туку до денеска. Комисијата ја наведува и потребата од дообјаснување на поимите „соработник“, „наредбодавател“ и „корисник на информации“. Во однос на поимот „соработник“, се бара да се доопрецизира дали за евентуалниот соработник е доволно да се утврди само име и презиме или и псевдонимот.

Лустраторите бараат во Законот да се прецизира дека трети лица можат да доставуваат документи во Комисијата, но само оригинали. Во образложението се вели дека со оваа измена би се из��егнало злоупотребувањето на процесот на лустрација со поднесување на какви било списи, акти, конструкции...

Предлогот на лустраторите доаѓа откако во дворот на тетовскиот професор Шпенд Љуши никнаа досиејата за „Вујко“, „Мама“ и „Стрелец“, а потоа во „Дневник“ беше доставено досието „Ибар“, кое вод�� до врвот на ДУИ. Интегративците вчера до сите пратенички групи доставиле предлог- декларација со која бараат уличната лустрација да биде осудена, а институциите да не дозволат да бидат прекршени основните човекови права. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 2674 пати.

Испрати коментар

Од: tetova
Датум: 17.11.2010 12:32:37
problemot e vo toa shto thaqi se ushte raboti so srpskata mafija i udba,covekot shto e na crna lista na usa,negovite simpatizeri se kriminalci,a toj pak saka da bide vo pozicija.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.11.2010 13:12:11
И треба да му ги брои...Но и институциите на државата...
Од: b
Датум: 17.11.2010 13:33:21
Ау! Што пари имал тој Аџиев. Мора да има голема плата како државен чиновник.
Од: дамјан
Датум: 17.11.2010 14:00:51
Претходиниот ,коментатор,, вели дека Таши работел и сега за српските служби. Тоа нека го докажува тој господин -читател. Но, за Аџиев дека одработува за владата и владината коалиција, тоа е неспорен факт, колку што е евидентно дека тој господин, барем со она што го демонстриташе до сега при јавните настапи пред медиумите, навистина го нема ниту минималниот капацитет на интелектуалец. Имавме едно време сличен на него кој ја вршеше функцијата претседател на изборн��та комисија. Вистински комедијанти, паднати од небо. За Аџиев, лустрацијата се претвори во лакрдија и тоа од комшивски карактер. Во секој случај, штетно суштество за овој демократски потфат, за проветрување на македонскиот простор од штетници.
Од: bezboen
Датум: 17.11.2010 14:02:57
Lustracijata trebase da se sluci vednas po osamostojuvanjeto, vaka ja izgubi celta i doverbata deka rabotat transparentno. A dek vlasta imasvoi prsti vo ova i ne e nekoja tajna. Nemozam da veruvam deka vo Republikava imalo samo eden (nedokazan ) kodos , i veruvam deka sekoja vlast do sega gi trgnala na strana dosiejata za svoite lugje. Zatoa mozebi e najdobro da se prestane so ovaa teatarska prestava, koja ne nosi nisto pozitivno vo zemjava.
Од: Egej
Датум: 17.11.2010 15:46:40
Ako zboruvame cesno,g-din Adjiev e MARIONETKA vo racete na DPMNE,inaku imenovaniot g-din dosega go "oblekol" dresot na poveke partii,znaci mackan so razni boi i kako takov advokat uspea so "cesna" rabota da specali,sto ne mu uspeva na 90% advokati vo RM.Inaku g-din Taci e blisku do visitnatya koga veli deka NE SAMO imenovaniot,tuku i drugi clenovi na komisijata ke bidat LUSTRIRANI.PS:Koga vo idnina ke izleze pred mediumite,pretsedatelot na komisijata,imenovaniot Adjiev NEKA NE CITA prethodno napisani soopstenija,neka se potrudi neka kaze nekoja recenica,ke bide "poubedlivo" za gledacite na javnite mediumi.
Од: ruzdi
Датум: 17.11.2010 16:03:19
Za Damjan. Pa pretsedatelot Adziev rabotel za vlasta, a za kogo treba da raboti, protiv vlasta. A vlasta e drzavata, i sega toj treba da bide drzaven neprijatel. Pa da ne treba da raboti za KPJ il,i SKJ ili za vas so Drugarot Tito. Osvestete se luge
Од: Iskopini na mediokriteti
Датум: 17.11.2010 21:11:42
Adjiev e bleda figura u marioneta vo racete na Vlasta, koja nitu ima sposobnosti ni hrabrost pa ni kapacitet za izvrsuvanje na takva odgovorna rabota.Toa mu e jasno na celokupnata javnost. Jas ne znam od kade samo Vlasta gi pronaodja i " iskopuva" ovie bledi, mediokritetski i polktronski figuri i gi isfrla na politickata scena , onaka so polunaucen tekst,za da i ja svrsat valkanata rabota, pa ispadjaat smesni ne samo za medjunarodnata javnost no i za site koj se barem malku obrazovani i upateni. A toa okolu imotot , treba da se postavi prasanje kolkav imot imal pred stapuvanje na funkcija , a kolku" specalil" so " lakesko i prisluznicko" vrsenje na istata. iako postojat i tajni smetki ,no se moze da se otkrie eden den, samo se treba vreme i volja.
Од: laurala
Датум: 17.11.2010 23:21:44
od koga e vo komisijata za lustracija ima dopolnitelni prihodi.adziev lazi.prima pari vo gotovo od zdruzenieto na vozacite vo bitola.nadleznite da proverat.

Најди! во Утрински
Политика
Павле изолиран во власта
Ќе се разбие ли македонскиот монопол со инсулинот?
Мал одѕив за „Правда, слобода и еднаквост“
Колку тежи претседателот на Комисијата
Анкета
Ќе се вработат 12 училишни дефектолози
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011