Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Политика

Ќе се разбие ли македонскиот монопол со инсулинот?

Најновиот тендер без спецификации колку државата ќе купи инсулин отвора сомнежи за штелување на набавката

Јасмина Јовановска


Ќе се разбие ли монополот со инсулинот на македонскиот пазар, кој трае повеќе од десетина години. Ваквото прашање се наметнува и по објавувањето на последниот тендер за набавка на инсулин за идната година. Огласот за набавка, и покрај тоа што Министерството за здравство го распишало на 6 ноември, доставувачите се' уште не знаат за колкава количина инсулин ќе се борат. Многу е чудно, велат доброупатени извори од Секторот за јавни набавки, тоа што и по десетина дена од објавување на тендерот, Министерството за здравство се' уште не излегло со спецификации колку инсулин ќе купи државата, но се знае дека ќе потроши околу 7,3 милиони евра без ДДВ за инсулин. Дадени се видовите инсулин, но не и количините. Ова само уште повеќе ги отвора сомневањата дека и овој тендер не се одлепи од традицијата на старите набавки да се штелуваат нарачките најмногу во корист на еден производител, а Министерството за здравство се нафати за централна набавка токму да ги намали неправилностите.

Од Министерството за здравство се правдаат дека спецификациите се готови и дека заинтересираните доставувачи веќе може да ги подигнат. „Секоја заинтересирана фирма има можност да ја подигне потребната спецификација во архивата на Министерството за здравство и до овој момент повеќе фирми веќе ја имаат подигнато оваа документација“, тврдат од Министерството за здравство.

Но, симптоматично е како може спецификациите да се готови откако јавноста се заинтересира за тендерот, односно, како што дознаваме, спецификациите биле готови дури вчера. Случајно или не, спецификациите се готови откако рокот за жалба е веќе изминат, велат неофицијални извори, па доставувачите и немаат право на жалба. Или, пак, информацијата дека спецификациите се готови, била селективно соопштувана.

Сомнежот за регуларноста на постапката за тендерот уште повеќе се зголемува и со воведување специфични критериуми што треба доставувачите да ги исполнат за да добијат дел од тендерот. Покрај главниот услов, најниска понудена цена на инсулин, во минимумот критериуми за техничка и професионална способност на доставувачот, првпат се бара и лице задолжено за контрола на квалитетот на инсулинот. Досега од фирмите се барало да имаат лице за следење несакани ефекти од инсулинот, а овој нов услов повеќето доставувачи го сметаат како можност за елиминација. Затоа што коментарите се како може лице од канцеларија да го контролира квалитетот. Од Министерството за здравство објаснуваат дека доставувачите не го разбрале добро новиот критериум. „Лицето за контрола на квалитет воопшто не е нов критериум, зашто секоја фармацевтска компанија веќе има задолжено лице, одговорно за фармаковигиланца, односно за следење на несаканите реакции кај лековите“, објаснуваат од Бирото за лекови при Министерството за здравство.

Министерството за здравство се нафати да го спроведе тендерот за инсулин откако се појавија неправилности во набавките на инсулин што ги спроведуваат поединечно болниците и клиниките. Државниот ревизор дури констатира дека Министерството за здравство плаќало инсулин по различна цена и далеку повисока од реалната. Колку за споредба во регионот, цената на инсулинот е за 20 отсто пониска од онаа според која се продава инсулинот кај нас.


#
Статијата е прочитана 610 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Павле изолиран во власта
Тачи му ги брои парите на Аџиев
Мал одѕив за „Правда, слобода и еднаквост“
Колку тежи претседателот на Комисијата
Анкета
Ќе се вработат 12 училишни дефектолози
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011