Според податоците во анкетниот лист што го доставил претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, во Антикорупциската комисија, тој располага со имот вреден околу 400.000 евра.
Аџиев има заеднички недвижен имот: деловен простор од 21 квадратен метар во Битола, куќа од 160 квадрати, исто така во Битола и стан од 50 квадрати во Охрид. Тој поседува благородни метали во вредност од 500.000 денари, уметнички и колекционерски предмети вредни 350.000 денари. Аџиев има еден автомобил марка „рено седан спорт 1.5 ДЦИ“ од 2006 година, кој чини 1.078.410 денари. Првиот лустратор има две штедни книшки во ТТК банка со близу 7,5 милиони денари.
Аџиев побарува по основа на даден заем околу 2,5 милиони денари. Претседателот на Комисијата поседува и хартии од вредност од околу 30.000 денари, лични примања - пензија од 16.000 денари, но има и кредит од околу половина милион денари што ќе го отплаќа до 2014 година.
А се има откажано од пензијата, со оглед на тоа дека членовите на комисијата се вработени како “професионалци“?
Машала пензионер, 7,5 милиони денари
Од: А, колку плаќал данок на имотот?
Датум: 17.11.2010 12:34:52
Добро би било мак. јавност да знае колку адвокатот плаќал(платил) данок на државата?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.11.2010 13:10:49
Не е проблемот колку има туку како е сето тоа стекнато???
Од: b
Датум: 17.11.2010 13:35:02
Браво, браво. Многу голема плата имал.
Од: boris
Датум: 17.11.2010 14:08:30
Ооооооо!!! Па до скоро (за мене) анонимецов не бил за жалење...
Од: Cuden lustrator
Датум: 17.11.2010 21:45:47
Zar moraa za lustrator da odberat penzioner i edna vakva mediokritetska i poltronska figura, koja ako nesto ne i napisat ne znae sto da kaze. Seto e ova smislena igra i manipulacija so narodot. A i jas prasuvam kolku porez placal g-dinot sto specalil tolkv imot, koga eve imal penzija od samo 16,000. Znaci vo tek na svojot raboten vek ne imal visoki licni primanja, ako se ceni po visinata na penzijata od 16.000 denari. Znaci spomenatiot g-dini ili na volseben nacin so prosecna plata specalil tolkav imot ,ili pak ne gi prijavuval svoite vistinski primanja, odnosno izbegnuval placanje na porez.,a toa za eden " cesen" lustrator ne e dobra preporaka No vo ovaa zemja se e mozno. Eve Amdi Bajram nema nisto od imot se e na ime na majka mu koja zivee vo SAD. Taka bil obicajot kaj Romite?!