Двата најголеми фаворита за 17. титула машки ракометен првак на Македонија, бранителот Вардар про и освојувачот на Купот, Металург, уште на стартот на ВИП Суперлигата покажаа дека се неприкосновени на домашната сцена. Црвено-црните на гостувањето во Прилеп го декласираа Златен даб со 42:27, а „металурзите“ во Ресен славеа уште повисока победа над Преспа од 40:21.
Двете преостанати средби од првото коло Пелистер - Тинекс Пролет и МРК Вардар - Винарска визба Тиквеш требаше да се одиграат синоќа. (Р.Д.)