Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Прилепската болница ќе стане локална установа?

Од Хируршкото одделение соопштија дека се скратени поголем број интервенции

Моника Талеска



ПРИЛЕП - Дали болницата во Прилеп ќе стане локална установа во која ќе се изведуваат мал број интервенции? Прилепските социјалдемократи на прес-конференција го обвинија болничкото раководство за нестручност откако со решениe на Министерството за здравство се скратуваат дел здравствени услуги за пациентите, особено во хируршките гранки. Социјалдемократите предупредија на опасноста од загрозување на здравјето на луѓето и на зголемување на трошоците за лекување, зашто сами ќе го плаќаат патот до поблиската здравствена установа, во Битола или Велес, каде што ќе бидат третирани.

„Највиновни и најодговорни за тоа што прилепското здравство го допре дното е ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Марјан Ристески, кои поставија некомпетентни лица да ја водат болницата. Укажувавме дека кадровските решенија се погрешни и дека не може стоматолози да ја водат болницата“, изјави Илија Јованоски, претседател на општинската СДСМ. Според ��его, со новата акредитација, прилепската болница ќе биде на рангот на онаа во Кичево, Кавадарци и Кочани, иако во моментов нуди здравствена заштита за над 120.000 граѓани од Прилеп, руралните општини Кривогаштани и Долнени, како и од Македонски Брод и Крушево.

Првично, овие наводи на прилепските социјалдемократи, категорично ги демантираше директорот на болницата Илија Богатиноски. „Болницата во Прилеп нема насоки да стане локална установа и не се укинуваат некои дејности, напротив ќе се зголемуваат“, рече Богатиноски.

Но, ситуацијата доби друга димензија откако инсистиравме на изјави од началниците на одделенијата за кои се добиени акредитации од Министерството за здравство.

Началникот на Интерното одделение, д-р Димитар Ристески, тврди дека нема да има никаков проблем за пациентите, зашто со нова опрема, како холтер и КТМ ќе се зголеми работата на докторите во овој оддел, а со тоа и услугите на пациентите. Листата на услуги е идентична со онаа во битолската болница, истакна началничката на Педијатриското одделение, но, сепак, кажа дека дел услуги се скратени.

„Станува збор за некои банални дијагнози како глаболки и колапсни состојби, кои можеби во постоечките дијагнози и се вметнати“, подвлече д-р Менче Кадинец, началник на Детското одделение.

Од Хируршкото одделение соопштија дека се скратени поголем број интервенции кои се изведувале досега. Надлежните веруваат дека станува збор за некој превид или направена техничка грешка.

„Има ограничувања за операции кај деца до тригодишна возраст, како што се операциите од кила, од неспуштен тестис, кои ги работиме со успех и речиси без компликации 20 или 30 години. Потоа радикални операции на града кај жена, оперирање рак на дебело црево“, изјави началникот, д-р Димитар Младеноски.

Според д-р Младеноски, листата со овие и многу други забелешки ќе биде испратена до Министерството за да се отстрани пропустот. Симптоматична е неговата констатација дека моменталниот кадровски потенцијал и опременост на одделот одговараат на направената акредитација од стручна комисија на министерството. Заложба на прилепските хирурзи е да се развиваат што повеќе можностите за здравствена заштита и лекување на пациентите, а не да се ограничуваат. И И Ортопедското одделение ќе достави листа забелешки до ресорната второстепена комисија, зашто за голем број интервенции со акредитацијата пациентите ќе треба да патуваат во Битола или во Скопје.

По овие информации, во своите ставови ретерираше директорот Богатиноски. „Се работи за технички пропуст. Во консултации со Министерството за здравство, поточно со правната служба, посочија да доставиме листа на интервенции што не се вметнати. Така, ќе нема проблем“, оцени Богатиноски.


#
Статијата е прочитана 545 пати.

Испрати коментар

Од: Do kade doteravme
Датум: 27.01.2011 12:36:20
Pokojniot dr. Stojkov, dr. Ice Zojcevski, dr.Brasnarov i dr. Dimevski , koga bi mozele da go slusnat ova, do koe deredje ja doteraa Prilepskata bolnica ce se prevrtuvaat vo grob.A istata vo 50-tite, 60-tite pa i 70-tite godini bese respektiranaZa vreme na dr. Stojkov i Zojceski se izveduvaa hirurski intervencii kako vo Bitola i hirurskite kliniki
Од: Прилеп
Датум: 27.01.2011 12:39:53
Во Прилеп не се знае кој е поголем проблем,дали власта или опозицијата.овие од ДПМНЕ се изгубени а СДСМ се под секое ниво и никој не ги рачуна за сериозна партија.Ама никој не му е крив шо дојдоа на ова дереџе оти сами си бираа луѓето шо ги водат.
Од: Прилепчанец
Датум: 27.01.2011 19:27:57
Е оваа грешка доколку не се исправи,мислам дека ќе биде крај за ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е прв пат Прилепската болница да се сведе на обична Амбуланта, и пред многу години имало такви идеи (не ми е јасно зошто). Ме чуди зошто Градоначалникот го нема да се јави со свое мислење за овој проблем , а исто така ме изненадува и индолетниот однос на моите сограѓани околу овој проблем. А на надлежното министерсво би му порачал под Итно да ја исправи оваа неправда.

Најди! во Утрински
Македонија
Горки маки за лекување
Починала пред породување
Лозарите од Тиквешко влегоа во нови долгови
Мерачи на бучава во Охрид
Последен ден за дворовите