|
|
|
|
|
|
Починала пред породување
Триесет и седумгодишната Лејла М. од Мала Речица била мајка на две малолетни деца
ТЕТОВО - Триесет и седумгодишна родилка од тетовска Мала Речица вчера починала на Гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Тетово. Починатата Лејла М. по потекло од Тетово, а мажена во Мала Речица, била мајка на две малолетни деца. Родилката била донесена во Клиничката болница завчера околу 23 часот, а смртта настапила половина час по полноќ, пред да се случи чинот на породување.
Нема прецизни одговори, но и повеќе детали дали станува збор за трагичен случај или можеби е во прашање лекарска грешка. Од канцеларијата за односи со јавноста на СВР - Тетово информираат дека здравствената состојба на родилката нагло се влошила откако била внесена во родилната сала.
Од Клиничката болница во Тетово само штури информации за овој случај. Не се дозна дали лекарите се обиделе да ја породат со царски рез. Ниту дали пациентката имала некакви проблеми за време на третата бременост или претходно.
„По приемот на родилката, извршени се сите прегледи според прот��колот. Смртта на пациентката се случи за кратко време како последица на некој вид патологија“, изјави вчера д-р Фљорин Бесими, директор на Клиничката болница во Тетово. Бесими не даде никакво друго објаснување, а не одговори ни на прашањето дали бебето можело да биде спасено. Тој само изрази жалење и сочувство до семејството на починатата за прерано изгубениот живот.
По настанот, вчера во болницата дошла екипа на СВР - Тетово во придружба на истражен судија, јавен обвинител и лекар специјалист по судска медицина.
По барање на сопругот, не била извршена обдукција, а вчера уште во текот на претпладневните часови починатата била предадена на семејството заради погреб.
Семејството на починатата родилка одбива какви било контакти со претставници на јавноста. Оттаму не се сомневаат во некаква лекарска грешка иако треторотката час и половина била во рацете на тетовските лекари. (Г.Е.) |
#
|
Статијата е прочитана 2508 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Silvesteter, Sidnej |
Датум: 27.01.2011 13:30:59 |
|
Kako toa da bila cas i polovina vo racete na tetovskite lekari, a tie istite lekari da nemaat pojma od sto pocinala zenata. Ova ne mi se sklopuva nekako. |
|
|
|
|
|
|
Од: filip treti |
Датум: 27.01.2011 20:43:50 |
|
Vi site mediiumi ja slusnavme izjavata na Direktorot na Bolnicata Tetovo deka pacientktata "pocinala od nekoja patologija". Go povikuvam Ministerot za zdravstvo, koj go imenuva direktorot, da ja komentira ovaa tragikomicna izjava koja ja odrazuva totalna medicinska nepismenost, amaterizam i diletantizam na doticniot gospodin. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 28.01.2011 00:38:27 |
|
Тоа е Македонија.Македончето мора да си трае и да си трпи.Читам во коментарите, се појавил некој ЌИЧ Трпе кој ја фали состојбата во земјата и владата.Поминало арното се надвиснало лошото.Иако го слушаме премиерот и неговите министри ��е кажат дека толку и толку се тршат за здравството,а нивните сопруги ги носат во приватни клиники. |
|
|
|
|
|
|
|
|