Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Последен ден за дворовите

Денеска истекува рокот за поднесување барање за откуп на дворното место по цена од едно евро по квадратен метар. Засега нема потврда дека би можело да има ново продолжение, иако неофицијално се зборува дека сепак, рокот ќе биде пролонгиран за два месеца. Но, според министерот за финансии, Зоран Ставрески конечна одлука ќе биде донесена на некоја од наредните владини седници, откако прво ќе се направи анализа за фактичката состојба и ќе се утврди колку граѓани успеале, а колку не успеале да поднесат барање.

Интересот за откуп на дворовите кулминираше во последниве денови. Вчера биле поднесени 11.292 барања. Според Управата за имотно-правни работи до вчера биле поднесени вкупно 73.881 барања. Управата и денеска ќе работи до 21 часот, се' со цел да им овозможи на што поголем број граѓани да поднесат барање.

Според надлежните, државата не очекува да собере многу пари од продажбата на дворното место. Проценка е дека во буџетот би се слеале од 200 до 300 милиони денари. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 660 пати.

Испрати коментар

Од: Angel
Датум: 27.01.2011 13:42:36
За пари се работи! Портокаловиве само измислуваат нешто како да соберат пари.Гласајте за ВМРО, ке не соголат сите.Се што можеа да уништат уништија.
Од: jovan
Датум: 27.01.2011 14:51:29
Verovatno mnogu od zgradite ke ostanat bez otkupeno dvorno mesto poradi poznati pricini ke treba da plakaat kirija na drzavata.Bidejki ke nema elaborati kako ke se odredi kolku treba da se plka.
Од: zoran od Skopje
Датум: 27.01.2011 17:16:19
Da se odlozi datumot zaklucno so 31.12.2011 za das elegalizira se sto e na RM, naped vladata

Најди! во Утрински
Македонија
Горки маки за лекување
Починала пред породување
Лозарите од Тиквешко влегоа во нови долгови
Прилепската болница ќе стане локална установа?
Мерачи на бучава во Охрид