Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Мерачи на бучава во Охрид

ОХРИД - Локалната власт системски ќе се справува со бучавата. Акцискиот план е изготвен во соработка со Друштвото за еколошки консалтинг од Скопје, а се однесува на проблемот со бучавата со кој се соочуваат граѓаните на Охрид, особено во летниот период.

Најзагрозени со бучава се централното јадро, односно стариот дел, околината на Градскиот плоштад и деловите покрај булеварот „Туристичка“. На повеќе локации е предвидено поставување постојани мерачи на бучавоста.

Има најразновидни причина за недозволеното ниво на бучава, од непочитувањето на законските одредби од сопствениците на угостителските објекти, преку несоодветна звучна изолација, непочитување на еколошките стандарди, се' до несовесното однесување на поединци. Граѓаните се жалат на бучавата од кафулињата, кои според спроведените мерења, без исклучок ја надминуваат горната дозволена граница од 55 децибели.

За подобрување на состојбата се предвидуваат серија мерки, и тоа регулирање на работното време на угостителските објекти, плажите. Потоа пренамена на угостителски објекти во стариот дел на градот и градското јадро, нивна дислокација, како и повеќе инфраструктур��и проекти со кои би се намалила бучавоста.

И самите угостители укажуваат на комплексноста на проблематиката, забележувајќи дека скратувањето на работното време не е решение за проблемот. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Горки маки за лекување
Починала пред породување
Лозарите од Тиквешко влегоа во нови долгови
Прилепската болница ќе стане локална установа?
Последен ден за дворовите