Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Горки маки за лекување

За сини картони треба да си бездомник, реагираат повеќето невработени

Јасмина Јовановска



„Треба да сме бездомници и да живееме на улица за да се лекуваме на товар на државата“. Вака реагираат најголемиот број невработени откако „Утрински весник“ обелодени дека Министерството за здравство ќе ги заостри условите за добивање бесплатни сини картони. Министерството предлага невработените да влезат во категоријата граѓани што не се здравствено осигурани по ниедна основа. Ова се прави за да се редуцира бројот на фиктивно пријавените само за да добијат картони. За да добијат право на лекување тие ќе мора да докажат оти немаат никаков имот на свое име. Ако се разболат ќе мора приватно да се лекуваат. Невработените реагираат дека немаат пари за егзистенција, а не, пак, да плаќаат лекување.

„Ја прашувам државата како ќе го лекувам моето дете кога ќе настине. Мојата сопруга и јас не сме вработени. Ја изгубив работата пред една година. Немаме никакви приходи. Работам како амал и секој ден трчам да земам некоја дневница со која ќе обезбедам јадење. Живеам во трошна куќа што ја наследив од мајка ми. Што треба да направам, да ја продадам куќата за да ми даде државата?“, прашува 44-годишниот М.Ј. кој живее во населбата Драчево.

Тој се чуди што ќе прави ако девојчето му се разболи. „Еден сируп на приватно чини најмалку 300 денари. Зар ќе треба да просам и кратам од лебот за да му купам лекови на детето“, ги кажува маките загрижениот татко, кој е подготвен да работи што било, но газдата да го пријави.

Ова е само еден од многуте случаи на невработени што ќе се судрат со проблемот да не добијат бесплатни картони зашто државата ќе им бара документ за имотната состојба. Ова е еден од условите што го дефинира државата откако реши на сите неосигурени лица да им даде право на здравствено осигурување.

На лицата што не се здравствено осигурани им се бараат куп документи, кои ретко од нив може да ги обезбеди. Се бара државјанство, лична карта, извод од Матична книга на родените не постар од шест месеци, потврда од Управа за јавни приходи дека немаат приходи и потврда од Катастар дека не поседуваат имот или земјиште.

Практиката покажа дека голем дел од 100.000 неосигуреани имаа проблем токму со докажување на имотната состојба. Повеќето останаа без бесплатни картони. Тие коментираат дека ова право е повеќе декларативно и оти не може да се искористи.

Од Министерството за здравство само потврдија дека се заоструваат условите за сини картони за невработените. „Често се случува, многумина да работат на црно и да остваруваат приходи, а во Агенцијата за вработување да се пријавуваат дека се невработени и оти активно бараат работа. Сето ова го прават со цел да остварат бесплатна здравствена заштита“. Ова е објаснувањето на Министерството зошто и невработените ќе мора да докажуваат дека немаат имот за да добијат картони. Невработените, тврдат од Министерството, и натаму ќе можат да земаат сини картони, но, на ист начин како луѓето што немаат никаква основа на осигурување. Сево ова е иницирано со заклучок на Владата и не е иницијатива на Министерството за здравство.


#
Статијата е прочитана 930 пати.

Испрати коментар

Од: Reforma ood bezdarnicite.
Датум: 27.01.2011 12:16:34
E ova e navistina za pozdravuvamnje. Znaci prema viziite na" preroidbenicite" i nivniot pastir,na sini kartoni za lekuvanje ce imaat pravo samo nevrabotenite koi spijaat pod mostovite i onie vo kartonski kutii,se razbira ako medjuvremeno ne se smrznat od studot, kako sto imavme slucai. Ej patriotski prerodbenici, kade lebdite i kade vi letnala cavkata so se konec, pa ste izgubile smisla i osnova so realnosta!!!Neprokopsanici nestecni!!!
Од: Зевзекмен
Датум: 27.01.2011 12:36:37
ако се условите за пензија 64/62 години старост и 15години стаж, треба да има и поблаги услови за користење државно здравствено, н.пр. 55г старост и 10г стаж... а Бучковски 2005/6 најави државно здравство за СИТЕ државјани, ама ништо од тоа..
Од: marika
Датум: 27.01.2011 13:39:21
neli koga dojde vmro na vlast vetija besplatno zdravstvo za 100% a sega sprotivno ..ova bi dovelo do zgolemen kriminal zamislete da nemas da se lecis???pa vo romanija ciganite imat elkrt zdravstvema kniska koja vazi za cela eu....ludje na ulica daz izlezeme ova go nema ni go moldavija ni vo albanija ni vo ukraina ni vo srbija...........
Од: marija
Датум: 27.01.2011 14:02:17
И покрај фактот што во Уставот на Македонија стои дека земјава е и социјална држава, од неа нема ни трага ни глас. Во Македонија се живее се потешко и потешко.На жалост, досега ниту една влада не направи ништо да го подобри живото на обичниот, просечен и подпросечно имотен граѓанин, ами напротив имаат за цел да му ја одерат кожата, што би рекле граѓаните.Се изгуби довербата во се`,нема никако интерес за да им се овозможи преживување на оние од кои се збогатија некои луѓе, од кои се зема се`. Не знам кој ќе го добие гласот на следните избори! Нека му ја мислат политичарите, а народот знае дека треба прво луѓето да имаат една минимална сигурност, да имаат храна да останат во живот, да имаат пристап до лекар, да се почуствуваат живи и малку здомени, па да гласаат за подобриот. Многу буџетски пари се потрошени во јалови шроекти, што може да почекаат подбри времиња, во непотребно многу споменици и музеи, за сметка на гладните, безпомошните очајните! И да не не` чуди што народ бега надвор!
Од: eu
Датум: 27.01.2011 14:31:40
so ovoj zakon vladata pokazuva koj e i sto e toa le e patiotska vlada saka makedonskiot narod da izumre...vakov zakon nema nikade vo eu pa mislam tit vo rusija,ukraina,moldavija..ete kolku vmro go saka makedonecot ne samo da mu izvadi se od dzep duri i dusata da mu ja izvadi pa toa ni dusman neti go praVI A NE PA SVOJ COVEK USTE POMALKU T.N. PATRIORSKA PARTIJA ZASRAMI SE VMRO.
Од: black
Датум: 27.01.2011 23:42:05
trazili ste gledajte....mesto da mu ja misli vladata kako da gi stimulira gradjanite da se otkazaat od prijavuvanje vo zavodot(vistina e deka 70 % samo poradi sini kartoni se prijavuvaat) ona samata i tie sto se otkazale od prijavuvanje ke gi natera pak da se prijavuvaat i mesto effekt ke ima afekt ke stasame do 50 % nevraboteni ........
Од: Nino
Датум: 28.01.2011 00:32:57
Sevo ova moj narode napaten mi lici na poteg na drzavata kako da zastedi pari vo budzetot, a od druga strana i nacin kako da sobere povece pari od gradjanite, bidejki za da gi izvadite site potrebni dokumenti za dobivanje na sini kartoni, treba da odite po instituciite i da frlite zavidna suma na pari bidejki nikoj nevi gi dava bez pari site tie potvrdi i uverenija koi vi se potrebni. Toa e uste eden nacin kako da se priberat povece pari. Vaka ili onaka drzavata si go zema svoeto.
Од: Трпе
Датум: 28.01.2011 00:44:40
Читам во коментарите се појави некој Ќич Трпе,тој треба да биде Сречко ,наместо Трпе штом е задоволен од сите реформи на бладата.
Од: Дони
Датум: 28.01.2011 02:55:29
Се полошо и полошо. Од ВИСТИНСКИ бесплатно здравство какво имавме до пред 20 години, па до ВИСТИНСКА БЕДА. За разлика од народот на власта и е добро, но треба да размисли што прави. Народот многу бавно се освестуваше за штетата што ја претрпевме од „транзициските“ политичари, но затоа добро ги казни на изборите. Оваа влада знае ли дека може да доживее уште поголема казна од своите гласачи (не оние платените кои ја фалат и за тоа што не треба, туку објективните)?

Најди! во Утрински
Македонија
Починала пред породување
Лозарите од Тиквешко влегоа во нови долгови
Прилепската болница ќе стане локална установа?
Мерачи на бучава во Охрид
Последен ден за дворовите