Загина тракторист на патот за Кривогаштани
ПРИЛЕП - Трактористот Драги Колески (57) од прилепското село Кореница вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Кривогаштани - Крушеани околу 11,30 часот. Како што информираат од МВР, Колески од засега неутврдени причини изгубил контрола над тракторот марка „владимировец“ и се превртел. „Од ударот Колески се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на местото на несреќата“, вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР- Битола. (Мн.Т.) |