Членови на групата на Красниќи малтретирале активисти на ДУИ
Четворица членови на кондовска група на Агим Красниќи ќе одговараат за насилство и разбојништво, бидејќи малтретирале и ограбиле петмина активисти на ДУИ во Кондово. Од пријавените е приведен само Фадил Т. (25), додека полицијата се' уште ги бара Беим К. (26), Али К. (30) и Даим.Ф. (27). Четворицата кондовци минатиот месец вооружени со автоматски пушки го запреле „мерцедесот“, во кој биле Ј.И., А.У., А.И., С.М. и Х.М, активисти на ДУИ. Потоа, ги извлекле од автомобилот, удирајќи ги со кундаците од пушките, и однеселе во штабот на ДПА. Таму групата продолжила да се изживува врз нив.
Еден од малтретираните бил натеран да го бакнува партиското знаме на ДПА додека го фотографирале со мобилен телефон. Пред да ги ослободат, кондовците од малтретираните украле 2.000 евра и мобилни телефони. Сите пријавени од групата веќе имале имале криминални досиеја за тешки дела. (Ј.К.) |