Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Најдена убиена жена во викенд-куќа во Пештани

Снежана Тодоровска десет дена лежела мртва во куќата. За убиството е осомничен нејзиниот пријател

Симон Илиевски

ОХРИД - Скопјанка е пронајдена мртва во куќа во охридската населба Пештани, која била убиена пред десет дена. Безживотното тело на Снежана Тодоровска било најдено во када во нејзината викенд-куќа на улица „Галичица“ во Пештани завчераноќ околу 23,30 часот. За убиството на Тодоровска е осомничен нејзиниот пријател Љ.Н. (53) од Велес.

Според истражниот судија Ристе Силјаноски, на телото на починатата имало видливи траги на насилство, што укажува дека станува збор за убиство. Според првичниот увид, жената прво била физички малтретирана, а потоа усмртена со удари од остар предмет. На местото на настанот при увидот можеше да се почувствува интензивен мирис од распаднато човечко тело.

Тодоровска била мајка на две ќерки, а едната од нив ја алармирала полицијата откако од нејзината мајка немало ни трага ни глас.

Соседите велат дека Тодоровска не контактирала многу со нив, единствено ја гледале кога одела во продавница или во рестораните. „Последните години доаѓаше сама во куќата, која ја купи пред 15 години со поранешниот сопруг. А понекогаш доаѓаше со велешанецот“, велат соседите на Тодоровска во Пештани.

Во куќата во текот на летото доаѓале и нејзините две ќерки. Соседите последен пат ја виделе пред две недели кога го паркирала автомобилот подалеку од куќата во близина на училиштето и мислеле дека таму го оставила и со автобус го напуштила Пештани.

„Ја знаевме како повлечена жена која си ја гледа својата работа. Имаше доста озборувања за нејзиниот приватен живот, но никој од нас не сакаше да се меша во нејзината приватност“, вели еден од соседите.

Истрагата што е во тек треба да ги утврди деталите околу убиството на жената. Полицијата, исто така, треба да добие и официјално признание од велешанецот Љ.Н.. Според неофицијални извори, велешанецот само го пријавил убиството откако завчера завршил во болница поради преголема доза таблети.


Статијата е прочитана 905 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Членови на групата на Красниќи малтретирале активисти на ДУИ
Нови шестмина осомничени за изборни инциденти
Ранет 21-годишник откако се обидел да стрела во „алфите“
Момче загина во сообраќајка во Охрид
Загина тракторист на патот за Кривогаштани