Наташа Дуновска прогласена за зимска убавица на Македонија
Во саботата вечерта, во Маврово, традиционално, во дискотеката „Ратрак“ се одржа финалето на изборот за зимска убавица на Македонија 2011.
По полуфиналните вечери, речиси во сите поголеми градови низ државата, на финалето во Маврово се претставија петнаесет финалистки.
Зимска убавица на Македонија за 2011 година е Наташа Дуновска (18) од Скопје. Титулата прва придружничка ја освои Елена Ангеловска (16), исто така, од Скопје, додека за втора придружничка е прогласена Драгана Столеска (16) од Кичево.
Победничката ќе учествува на некој од интернационалните избори за убавина во
2011 година, за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци. |