Моника Левински
Се уште вљубена во Бил Клинтон
Моника Левински, со која бившиот американски претседател Бил Клинтон пред 15 години имал „непристоен однос“, неодамна им се доверила на пријателите дека се' уште го сака Бил и дека не може да го заборави. Некогашната приправничка во Белата куќа сега има 37 години и не се мажела, ниту има деца, а причина за тоа е нејзината залуденост по Клинтон. „Моника се' уште го нема преболено Бил и без размислување би го примила назад“, изјавил нејзин близок пријател. Наводно, Моника му рекла: „Се' уште го сакам Бил и секогаш ќе го сакам. Во мојот живот нема да има друг маж кој толку ќе ме усреќи“.
Нејзината опсесија со бившиот претседател оди толку далеку што го нарекла Били својот домашен миленик „Се' уште се надева дека Клинтон ќе и' се врати. Повремено излегувала со некои мажи, по целата афера во Белата куќа, но никогаш не успеала да го заборави Бил“, вели нејзиниот пријател и додава дека бившата приправничка е уверена дека Клинтон навистина ја сакал и дека се' уште страда по неа. |