Квентин Тарантино
Режисерот го тужи соседот за папагалот
Прославениот режисер Квентин Тарантино го тужеше на судот во Лос Анџелес својот прв сосед, Алан Бол („Американска убавина“), затоа што во дворот на вилата држи кафез со егзотични животни. „Секој ден Тарантино и неговите домашни се изложени на ужасни крици што ја плашат околината и сериозно влијаат на неговата способност да пишува и да работи на новиот филм“, се наведува во тужбата, која е долга дури шест страници, а во неа детално се објаснети чувствата што ги предизвикува таа птица. „Седум или осум часа дневно соседите мораат да ги слушаат криците од кои се смрзнува крвта во вените“, стои во тужбата. Тарантино се обидел пред тужбата да го вразуми колегата, но тој не му излегол во пресрет. Доколку Тарантино добие на суд, Бол ќе мора да ја отстрани птицата и да ги исплати судските трошоци. Квентин Тарантино, наводно, го завршува сценариото за вестерн. |