Број 3530  понеделник, 14 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

Евровизиската „Русинка“ доби спот

Годинешниов македонски евровизиски претставник Влатко Илиевски го сними видеозаписот за песната „Русинка“. Спотот се снимаше во студиото „Рокенрол“ во продукција на „Егзит Б“ . Освен македонската верзија на спотот, истовремено се снимаа и хрватската, англиската и руската верзија на песната. Спотот се снимаше повеќе од 12 часа, а покрај дванаесетте статисти, главната улога во приказната на спотот ја има манекенката Елена Трајановска, од модната агенција „Моделс ин“. Елена наедно е и единствената Македонка што беше избрана на кастингот за нови модели во модната агенција „Воман“ од Милано, каде што и ќе се пресели во текот на летово. Режисер на спотот е Бошко Столиќ.

Карактеристично за спотот е што се снимаше во еден кадар, без никаква монтажа и прекини, со фар ХД-камера.

Официјалната промоција на спотот ќе биде идната недела.


#
Статијата е прочитана 623 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
„Турборок-фестивал“ како контраудар на турбофолкот
Бившиот пејач на „Ајрон мејден“ в затвор
Режисерот го тужи соседот за папагалот
Наташа Дуновска прогласена за зимска убавица на Македонија
Се' уште вљубена во Бил Клинтон

"""