Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Опасно е да се вози по кањонот на Радика

Жителите на Маврово-Ростуше, Центар Жупа и на Дебар со страв патуваат покрај Радика. Многумина од нив избегнале сообраќајка во последен момент

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Опасно е да се вози по кањонот на реката Радика. Поради чести одрони од камења и наноси од земја особено по обилни врнежи, патот е небезбеден. Заштитни мрежи не се поставени, па затоа возачите треба да бидат многу внимателни.

Жителите на Маврово-Ростуше, Центар Жупа и на Дебар со страв патуваат по кањонот на Радика. Многумина од нив во последен момент избегнале сообраќајка поради одроди, а за да го продолжат патувањето до саканата дестинација, чекале со часови.

Такво е чувството и во овие доцни есенски денови. Поројните дождови и силните јужни ветришта предизвикаа нагло топење на снегот од Кораб, Бистра и Шар Планина, што беше причина за активирање на неколку суводолици и лизгалишта. И водостојот на Радика се зголеми.

На регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во месноста Обесена Вода што се наоѓа во близина на селото Жировница, од голема височина се одронија 40 кубни метри земја, карпи и камења и го блокираа сообраќајот. За да бидат работите уште покомплицирани, во непосредна близина на овој одрон земјиштето почна да се движи и да се лизга. На Радика, кај Сенечки Мост, неколку дена беснееше суводолица. Движењето на возила со часови се одвиваше отежнато, а сообраќајот беше можен само по една лента.

„Македонија-пат“ во близина на дебарското село Рајчица неодамна постави 8.000 квадратни метри челична мрежа на брдата покрај патот, каде што постојано се одронуваа земја и камења. Зафатот барем засега е успешен, нема одрони. Но, поради немање средства, челична мрежа не беше поставена кај селата Скудриње, Присојница и на други места на патниот правец што води од Маврови Анови до Дебар.

Како што информира Сами Јонузи од мавровската секција на „Македонија - пат“, идната година жичена мрежа ќе биде поставена и на критичните места по долината на реката Радика.

Како да се оневозможи активирањето на суводилиците и на лизгалиштата? Експерти од градежништвото велат дека лавините се природна појава и не можат да се предвидат, а се случуваат поради тектонско нарушување на планините. Но, има решение да се спречат и да се намали нивната моќ. Меѓутоа, треба да се направат опсежни анализи дали зафатот ќе биде економски оправдан. Притоа, треба да се има предвид дали овие појави се редовни, колку се чести и какви штети прават.

„Ситуацијата може да се стави под контрола со поставување челични решетки на опасните делници од патот. Притоа, треба да се определи должината и ширината на цврстите прегради - земјобрани, како и растојанието меѓу нив. На овој начин не само што ќе се запрат наносите туку таа тежина ќе изгуби сила за натамошно дејствување“, тврди Јован Чаловски, 75-годишен пензиониран градежен инженер, специјалист за хидротехника. Тој има големо искуство во санирање на лизгалиштата на Шар Планина, на Мавровскиот хидроенергетски систем и на Дебарското Езеро.

„Големите наноси на песок, земја и на друг материјал што ги носеа љуњите на Шар Планина и кај езерото Шпилје, ги саниравме со техничкото решение ‘херкаулидзе‘. Тоа значи анкерисување со просторни решетки, метод на професорот д-р Шкокалски од Азербејџан“, вели Чаловски.

Тој го препорачува овој метод и за опасниот дел покрај Радика. „Решетките треба да се постават пред создавањето на лавината, односно поројот, со што нема да се дозволи развивање во голема сила. Поточно, водата што ги создава наносите, продолжува да тече низ дренажата, а суводолицата не е силна. Ако не се спречи појавата во зародиш, тогаш наносите пред себе носат се', за на крајот да постигнат огромна кинетичка сила. Тогаш со ништо не може да се стопираат“, објаснува Чаловски. Тој вели дека практичната примена на методот не е скапа. Според него, без вакви интервенции лизгалиштата и суводолиците постојано ќе создаваат непријатности на патот Маврови Анови - Дебар.

За да се реши проблемот присутен речиси 80 години откако е изграден овој пат, Чаловски предлага в лето, кога теренот е сув, да се изврши снимање и точно да се утврди од каде почнува лизгалиштето. Утврдувањето на сите параметри ќе послужи за изработка на техничка документација и на физибилити-студија за економска оправданост на зафатот.

„Вакво решение пред триесетина години применивме за запирање на 30-40 лизгалишта на хидросистемот ‘Шарски Води‘. На реката Маздрача го реализиравме најголемиот зафат. Методот со земјобраните подоцна го применивме за да ги спречиме суводолиците, кои носеа огромни количини песок во Дебарското Езеро“, потенцира Јован Чаловски.

За потсетување: во февруари годинава, во непосредна близина на Бигорскиот манастир, се струполија десетина лавини, од кои шест беа многу големи. Регионот беше отсечен, а расчистувањето траеше цел месец. За среќа, немаше човечки жртви. Претставници на надлежни министерства ветија дека ќе преземат мерки за во иднина да се спречат лавините. Се' остана на ветувања.

Градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Мукрем Муареми, потврдува дека ништо конкретно не е преземено. Како што изјави Муареми, од Министерството за транспорт и врски ветиле дека ќе ангажираат стручњаци од Градежниот факултет во Скопје за да го снимат и да го испитаат теренот каде што паѓаат големи одрони. Но, не се случи тоа. „Не се понуди решение за санирање на состојбите“, разочарано констатира градоначалникот Муареми.


#
Статијата е прочитана 607 пати.

Испрати коментар

Од: Vane
Датум: 10.12.2010 08:59:40
На брдата покрај патот??? Какви брда бе!? Толку од македонскиот !

Најди! во Утрински
Македонија
И нашите се запалија по романтични венчавки
Битолската зоолошка под клуч?
Велешкиот суд доби претседател
Штипските доктори штрајкуваа
Раотинчани ја чистат тињата од домовите
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud