Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Раотинчани ја чистат тињата од домовите

ТЕТОВО - За жителите на тетовското село Раотинце, нема мир. Откако Вардар се повлече во своето корито, сега се' е насочено кон чистење на поплавените делови од 60 куќи што се најдоа под удар на стихијата. „Тињата сериозно загрижува зашто освен влага во куќите, влијаела и врз стабилноста на објектите. Тиња има навлезено и по племни, штали и други помошни простории. Сега се' се прави за да се нормализира животот. Искрено, не знаеме до кога, зашто годинава трет пат се справуваме со тешки последици од поплавата“, ни зборуваше Кирко Масевски, претседател на МЗ „Раотинце“. Неколкумина жители на ова долнополошко село ни потврдија дека интензивно се чистат поплавените простории и куќи со силен напор да се врати нормалниот живот во селото. Ваква атмосфера во изминатите два дена владееше и во соседните села Копанце и Туденце. Во Раотинце велат дека секој поинтензивен дожд внесува страв од нови поплави особено ако се совпаѓаат со испуштање поголеми количини вода од Мавровското Езеро. Во трите села останува надежта проблемот да се реши со реализација на проектот за регулација на осумте километри корито на Вардар. Инаку, вчера водите на Вардар беа за еден метар пониски од нивото кога се разлеваат. Оваа состојба е како резултат на тоа што претходните три-четири дена немаше нови врнежи. Во трите привардарски села во Долнополошко под вода беа околу 90 објекти за живеење. Нивните сопственици очекуваат Владата да се огласи со доделување првична помош и повторно да помине комисија за процена на штетите. Се надеваат и на ветувањата дека ќе им бидат исплатени проценетите штети од претходните поплави, кои вкупно изнесуваа околу 19 милиони денари. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 298 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Опасно е да се вози по кањонот на Радика
И нашите се запалија по романтични венчавки
Битолската зоолошка под клуч?
Велешкиот суд доби претседател
Штипските доктори штрајкуваа
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud